80-годишен мајстор за бонсаи создава неверојатни малечки шуми

80-годишен мајстор за бонсаи создава неверојатни малечки шуми

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Бонсаи е јапонска уметност за одгледување украсни, џуџести дрвја.

Масахуко Кимура почнал да ги создава своите први дизајни на бонсаи уште кога бил тинејџер. Вклучувајќи и дрво извајано со алатки по сопствен дизајн, тој ги прекршил традиционалните правила што датираат со векови.

Низ децениите неговиот уникатен стил станал прифатен и многу почитуван, а неговите обожаватели го нарекуваат Волшебникот.

Денес, 80-годишниот Кимура е еден од ретките мајстори на бонсаи во земјата и има ученици од целиот свет.





Извор: Good News Network
Фото: Screenshot/YouTube