Европското фудбалско првенство во Југославија 1976 година: Трагично полуфинале и најпознатиот пенал во историјата

Европското фудбалско првенство во Југославија 1976 година: Трагично полуфинале и најпознатиот пенал во историјата

Подготвил: Тамара Гроздановски

Кога слабиот фудбалер со број 7 на грбот и густи црни мустаќи над усните, на 20 јуни 1976 година на стадионот „Црвена Звезда“, успеал да ја шутне топката во голот, малкумина верувале дека тој испишувал историја.

Иако во тек биле пенали, а овој би можел да биде одлучувачки, и тоа, ни помалку ни повеќе, во финалето на Европското првенство.

На едната страна Антоњин Паненка од Чехословачка, а на голот славниот Сеп Мајер од Западна Германија, во тој момент, актуелниот светски шампион. Историја која се одржа на единственото Европско првенство организирано во Источна Европа, поточно во поранешна СФРЈ.

- Начинот на кој шутираше Паненка беше храбар. Си помислив, алал му вера - вели Јован Куле Аќимовиќ, тогашен капитен на југословенската репрезентација кој го гледал натпреварот од трибините.

На првенството учествувале и „сините“, кои имале големи шанси да стигнат до борбата за трофејот, но попатно се спонале.

- Имавме добар тим, извонредни играчи, од Драган Џајиќ, преку Ивица Шурјак, Куле Аќимовиќ, Бранко Облак, Јосип Каталински. Можевме многу подобро - вели Иван Буљан, уште еден член на таа генерација југословенски фудбалери.

За натпреварот и среќата

Тоа Европско првенство било сосема поинакво од денешното. На завршниот турнир учествувале само четири екипи, односно почнувале од полуфиналето.

Претходно, од квалификациските групи, каде што Југославија била подобра од Северна Ирска, Шведска и Норвешка, репрезентациите се пласирале во четвртфиналниот двомеч. Во полуфинале влегле моќната Западна Германија предводена од славниот Франц Бекенбауер и Југославија, додека во Загреб играле Чехословачка и Холандија.

- Одигравме феноменално прво полувреме. Имавме уште две три одлични шанси за да победиме. Но, изгубивме поради нашето незнаење и неможност да ги реализираме шансите - вели Џајиќ.

Југославија на ЕП


Пред првенството во Југославија, „сините“ учествувале на уште две Европски првенства со уште поголем успех - освоени две сребра. На првото Европско во 1960 година во Франција, Советскиот Сојуз бил подобар од Југославија. Осум години подоцна, на Европското првенство во Италија, Италија била подобра во финалето. Тогаш немало пенали, па по 1:1, два дена подоцна се одиграл нов натпревар, кога Италијанците победиле со 2:0.


Извор: BBC
Фото: Screenshot/Youtube