Платена пракса во секторот за квалитет
Групацијата ТИТАН повеќе од еден век успешно го продолжува својот раст, со особена почит кон поединецот, општеството и животната средина. Групацијата ТИТАН ги смета своите човечки ресурси за клучен фактор за одржлив развој. Ние се потпираме на вештините и залагањата на нашите луѓе од сите нивоа на хиерархијата. Наша цел е да ги привлечеме, развиваме и задржиме најдобрите професионалци, при што им овозможуваме креативен развој на кариера и ги наградуваме нивните резултати. На тој начин за Групацијата стекнуваме долготрајни вредности и конкурентска предност.
Цементарница УСЈЕ АД Скопје
ГРУПАЦИЈА ТИТАН
Објавува
ОГЛАС
ЗА ПЛАТЕНА ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА
ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА ВРАБОТУВАЊЕ И РАЗВОЈ НА МЛАДИ ТАЛЕНТИ
Цементарница УСЈЕ, како компанија чија стратешка определба е поддршка на заедницата преку придонес кон развој во сите области, спроведува ПРОГРАМА ЗА ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА ВРАБОТУВАЊЕ И РАЗВОЈ НА МЛАДИ ТАЛЕНТИ.Цементарница УСЈЕ во склоп на Групацијата ТИТАН го потпиша Пактот за поддршка на младите на Европската Унија (“Pact for Youth”), за зајакнување на партнерството помеѓу компаниите и образованието, а во насока на зголемување на можностите за вработување на младите талентирани луѓе.
Како дел од Програмата, Цементарница УСЈЕ објавува
ОГЛАС за платена ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА во СЕКТОРОТ ЗА КВАЛИТЕТ
Квалификации:
Кандидатите треба да бидат без работно искуство, дипломирани или во завршна година на студии по технолошки или хемиски науки.
Одлично познавање на Microsoft Office апликациите и познавање на англиски јазик се сметаат за предност.
Посветеност, мотивираност, иницијативност
Тимска работа и кооперативност
Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:
1. Мотивациско писмо на англиски јазик
2. Биографија (CV) на англиски јазик
3. Доказ за образование (уверение за дипломирање или за положени испити)
Огласот трае 7 (седум) дена од денот на објавувањето.
Ангажирањето во програмата за практикантска работа трае определено време до 3 месеци, со можност за продолжување.
Учесниците во програмата ќе добијат Потврда за обученост во соодветната област од Цементарница Усје и ќе бидат земени предвид при идни вработувања.
Аплицирањето се врши само на веб страницата на Цементарница УСЈЕ АД Скопје
http://www.usje.com.mk каде заинтересираните кандидати треба да ја пополнат електронската апликација за CV и да ги прикачат потребните документи.
Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.