Идиличен остров без автомобили бара 500 нови жители

Идиличен остров без автомобили бара 500 нови жители

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Осамениот остров Сарк во Каналските Острови е во потрага по нови жители за двојно да ја зголеми популацијата, која моментално изнесува 492 жители. Ако ви е потребен нов почеток, ова е вистинска можност за вас.

Познат и како „бисерот на Каналските Острови“, Сарк е едно од последните преостанати места во светот каде што е дозволен транспорт само со коњи и трактори. Островот е преполн со диви животни и неверојатен поглед, а тука помага и тоа што нема улични светла.

Германскиот претприемач Свен Лоренц почнал да живее на островот од 2004 година и сега ги кани луѓето да живеат таму. Ако сте претприемач, инвеститор, слободен мислител или едноставно барате побавен начин на живот, не смеете да ја пропуштите оваа можност.

- Бидете еден од 500 луѓе што ќе создадат нов животен стил за себе. Повторно населете ја „тајната“ европска микродржава каде што имотите се празни. Станува збор за уникатна можност - вели Свен.

ostrov
Фото: Screenshot/BBC

- Сарк е мал остров што јас го нарекувам дом. Секоја година островот привлекува над 60.000 туристи. Станува збор за недопрено место познато по неверојатните пејзажи и бавното темпо на живот. Бидејќи далечинското работење станува сè почесто, далечните острови како Сарк може да бидат доста привлечни за луѓето. Ако сакате да се оддалечите од неволјите на светот, Сарк е едно од најдобрите места за тоа. Освен тоа, на островот немало ниеден случај поврзан со Ковид-19 - додава тој.

Островот има брз интернет, лесен пристап до островот Гернзи со брод и прифатливи домови. Доколку сакате да аплицирате, тоа можете да го направите на веб-страницата на Сарк ТУКА.

Извор: Countryliving.com
Фото: Screenshot/BBC