Барселона користи кози и овци за да спречи шумски пожари

Барселона користи кози и овци за да спречи шумски пожари

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Барселона одлучи да примени стара стратегија во борбата против екстремните шумски пожари. Најновите пожарникари во градот се 290 овци и кози кои имаат задача да изџвакаат што повеќе растенија.

Идејата е едноставна - се пуштаат животните да пасат во подрачјата што се под поголем ризик од шумски пожари. Животните ја јадат и ја газат сувата вегетација која многу лесно гори. Како резултат на тоа, се создава отворен простор кој може да функционира како противпожарен појас.

Ова е начинот на кој се спречувале шумски пожари во минатото, изјавил Гилем Каналета од непрофитната организација „Закладе пау коста“.


Фото: Pixabay

- Она што го правиме е враќање на нешто што веќе постоело - изјавил тој.

Пилот-проектот бил започнат во парк во Барселона кој се наоѓа над градот и каде што има околу 50 пожари годишно. Сега се планира проширување на проектот на повеќе зелени површини.

Се проценува дека животните досега успешно зачувале 72 хектари од паркот.

Извор: Green
Насловна фотографија: Pixabay