На Арктикот пронајдено кафе старо над еден век

На Арктикот пронајдено кафе старо над еден век

Истражувачи од руското географско друштво при експедиција на Арктикот открија добро сочуван сад со кафе во зрна. Бочвата била заборавена и оставена при американската мисија на Евелин Болдвин во 1902 година.

Истражувачот Леонид Круглов на „Инстаграм“ објави и дека базата на американската експедиција, која се наоѓа близу Франц Јозеф Ленд, е многу добро сочувана и дека била многу добро опремена.

Инаку, познато е дека Американците на таа мисија имале на располагање неколку базни станици, 420 сибирски кучиња и повеќе од 60 санки.

Извор: МИА