Видео покажува колку се длабоки океаните во светот

Видео покажува колку се длабоки океаните во светот

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Речиси е невозможно да се замисли колку се длабоки океаните на нашата планета, дури и доколку ја знаете точната длабочина на секој од нив. Шпанскиот аниматор Алваро Грасија Монтоја неодамна сподели видео кое може да ни помогне да ја замислиме длабочината на океаните.

Видеото ги споредува водните површини на Земјата за да ни помогне да разбереме колку се длабоки океаните. Во видеото се илустрира длабочината на остатоците од бродот „Титаник“. Како што се вели во него, дистанцата од остатоците од бродот до површината е многу поголема од Статуата на слободата, а најдлабоката точка во Атлантскиот Океан е уште подлабока.

Најдлабоката точка во светот се наоѓа во Тихиот Океан, на неверојатни 11 километри.


Извор: Mental Floss
Фото: Pixabay