Без јаже и без појас: акробатка одеше по жица на 100 метри височина

Без јаже и без појас: акробатка одеше по жица на 100 метри височина

Француската акробатка Татјана-Мозио Бонгонга одеше по жица оптегната меѓу едни од највисоките европски јаловишта во индустрискиот град Лус ан Гоел.

Одењето на височина од околу 100 метри над земјата, без безбедносен појас, имаше цел да му оддаде почит на рударското минато на тој крај.

Јаловиштата се структури создадени од напластен отпаден материјал што се отстранува при рударењето.


 

Извор: BBC
Фото: Screenshot/BBC