Продавница во Јапонија вработи робот што ги проверува луѓето дали носат маски

Продавница во Јапонија вработи робот што ги проверува луѓето дали носат маски

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Продавница во Јапонија вработи робот што ќе се осигури дека клиентите носат маски, откако земјата се подготвува за можен трет бран на вирусот.

„Робови“, развиен од Меѓународниот институт за истражување за напредни телекомуникации во Кјото, има способност да ги открие луѓето што не носат маски и љубезно да ги замоли да си го покријат лицето. Освен тоа, роботот може да интервенира кога луѓето не одржуваат физичка дистанца додека чекаат да платат.

Тестирањето на роботот, кое почна минатата недела во „Церезо Осака“, фан-шоп за професионалниот фудбалски тим, ќе трае до крајот на месецот.

Програмерите на „Робови“, кои стојат зад многу други роботски иновации, се надеваат дека експериментот ќе го намали блискиот контакт помеѓу купувачите и вработените, додавајќи дека тие веруваат дека повеќето луѓе ќе се чувствуваат помалку засрамено кога робот ќе им каже да го покријат своето лице отколку некој друг човек.

Роботот користи камера и сензори за набљудување на луѓето и ласери за мерење на растојанието меѓу нив. Кога не спроведува физичко дистанцирање и носење маски (превентивна мерка што е општо прифатена во Јапонија), „Робови“ ги води клиентите низ продавницата.

Јапонија одлично се справи со пандемијата и избегна висока стапка на заразени и смртни случаи, што беа забележани во други земји, а неодамнешниот пораст на заболени доведе до нови мерки за да се спречи притисокот врз болниците.

Во неделата беа пријавени 1.440 нови случаи, помалку од рекордните 1.737 регистрирани претходниот ден. Јапонија потврди 119.420 случаи и 1.908 смртни случаи од почетокот на пандемијата.

Премиерот Јошихиде Суга изјави дека не планира да се преиспита субвенционираната кампања за домашен туризам или да се прогласи втора вонредна состојба.

Анкета спроведена од „Кјодо“ покажа дека 84 отсто од испитаниците се загрижени за најновиот бран, а повеќе од 68 отсто сметаат дека владата треба да го приоретизира јавното здравје пред економијата.

Извор: The Guardian