Првиот анимиран краток филм од неанглиско потекло што освоил „Оскар“ бил претставник на Југославија

Првиот анимиран краток филм од неанглиско потекло што освоил „Оскар“ бил претставник на Југославија

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Малку е познат фактот дека режисер од нашите простори има освоено „Оскар“ за најдобар анимиран краток филм. Уште помалку се знае дека наградениот анимиран филм бил првиот цртан филм од неанглиско потекло што ја освоил оваа престижна награда.

Хрватот Душан Вукотиќ (1927-1998) го освоил „Оскарот“ за најдобар анимиран краток филм во 1961 г. за филмот „Сурогат“ како претставник на тогашна Југославија. Вукотиќ бил познат како еден од основачите на студиото Загребска школа за анимирани филмови, кое произвело над 400 филма од неговото основање во 1956 година.

Во 1963 г. еден од филмовите на Вукотиќ, „Играта“, бил номиниран за „Оскар“, но не победил. Подоцна, Вукотиќ работел како режисер и професор по филмска режија на Загрепската академија за драмски уметности.


Извор: globalvoices.org
Насловна фотографија: Screenshot/Youtube