Објавени резултатите за студентска стипендија

Објавени резултатите за студентска стипендија

Министерството за образование и наука ги објави резултатите од конкурсот за доделување студентски стипендии за академската 2021/2022 година.

ТУКА можете да ги видите листите со студенти кои се стекнале со правото за користење студентска стипендија и да ги преземете договорите.

Од МОН наведуваат дека стипендистите сега треба да испечатат и да пополнат 3 примероци од договорот за соодветната стипендија и заедно со копија од лична трансакциска сметка, најдоцна до вторник 30.11.2021 година, да ги достават до Министерството за образование и наука (директно во писарницата на МОН или по пошта – препорачана пратка со повратница на адреса бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје). Добитниците на стипендија што нема да достават договор во предвидениот рок ќе се смета дека се откажуваат од правото на користење стипендија.

Одбиените кандидати ќе имаат можност за приговор во соодветен рок откако на адресата која ја имаат посочено при аплицирањето ќе добијат решение од МОН во кое ќе биде наведена причината поради која апликацијата не е прифатена.

Сите незадоволни кандидати може да достават приговор на studentski.stipendii@mon.gov.mk