Корисник на „Тик-ток“ случајно дознал дека неговите коски се црни

Корисник на „Тик-ток“ случајно дознал дека неговите коски се црни

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Се чини дека вашите коски може да бидат црни, а вие да не сте свесни за тоа. Токму тоа му се случило на еден корисник на „Тик-ток“. Тој го споделил своето искуство на социјалната мрежа.

Тој дознал дека има црни коски додека бил на заболекар. Кога бил во средно училиште, го примал антибиотикот „миноциклин“ за да му исчезнат акните. Тој немал негативни ефекти од антибиотикот со години, но кога почнале да му излегуваат умниците, забележал дека тие се црни.

Мислејќи дека се расипани, тој посетил заболекар каде што дознал дека и неговата вилица е црна, а веројатно и остатокот од неговиот череп и поголемиот дел од неговите коски.

@archiebeshort This is my video! It was intended for this account originally. Oops! #raredisease #blackbones ♬ original sound - Archie


Алкаптонурија е моногенска болест која доведува до недостиг на ензими, што предизвикува големо собирање на хомогентисинска киселина (ХГА). Оваа киселина се врзува со коските и пигментите и ги прави црни во процес наречен охроноза.

Лицата со оваа состојба може да почнат да забележуваат проблеми со зглобовите во 30-тите години, а првите симптоми може да бидат болка во долниот дел од грбот, колената, колковите и во рамената. Со текот на времето, може да има потреба за операција за замена на колкот, но не се очекувани поголеми симптоми.

Извор: Interesting engineering
Насловна фотографија: Pixabay