МОН ги објави резултатите од конкурсот за ученички стипендии за 2025-2026 година
Ова се листите со добитниците на ученички стипендии:
МОН објави дека сите апликанти ќе добијат решение преку електронскиот портал e-uslugi.mon.gov.mk во делот „Мои апликации“ во колоната „Документ за одлука“.
Незадоволните апликанти не треба да вложуваат приговори, ниту да доставуваат жалби пред да добијат решение!
По добивањето на решението, жалбите се поднесуваат до Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен, во рок од 15 дена од приемот на решението. Просториите на Државната комисија се наоѓаат на Бул. „Гоце Делчев“ бр.18 (зграда на МРТВ кат 11).
Добитниците на стипендија НЕ треба да доставуваат испечатени и потпишани договори. Сите права и обврски околу користењето на стипендијата се наведени во решението.