Што најмногу гуглале Македонците во 2018 година?

Што најмногу гуглале Македонците во 2018 година?

Подготвил: Билјана Арсовска

Лектор: Ивана Кузманоска

Во текот на изминатата година Македонците најмногу го користеле „Гугл“ за играње игри, информирање за Светското првенство во фудбал, гледање реално шоу, преведување и информирање за репертоарот во киносалите.

Овој заклучок може да се донесе според она што алатките на „Гугл“ го нудат кога станува збор за темите и поимите што Македонците ги гуглале во текот на 2018 година.

На врвот на листата е светски познатата игра „Фортнајт“, на второто е најважната споредна работа на светот - фудбалот. Тоа и не е некое изненадување со оглед на тоа што годинава се одржа и Светското првенство, па Македонците, како и целиот свет, беа зафатени од треската. На третото место, кога станува збор за најпребарувани поими, е „Задруга“. Тоа е српско реално шоу. Веќе на четвртото место е барањето на преведувачот на „Гугл“, а на петтото е „Синеплекс“.

Треба да се напомене дека на шестото место на најпребарувани поими е името на една од поголемите спортски обложувачници во Македонија, што можеби е показател за заразеноста на Македонците од обложување.

Погледнете што најмногу гуглале Македонците во текот на 2018 година.

Најбарани теми

1. Фортнајт - онлајн-игра
2. 2018 Светско првенство во фудбал
3. 2019
4. Светско првенство - фудбалски натпревар
5. А

Најбарани поими

1. Фортнајт
2. Светско првенство
3. Задруга
4. Превод од англиски на македонски
5. Синеплекс мк


Фото: Google (screenshot)

Најбарани теми од областа на уметноста и забавата

1. Евровизија 2018
2. Фортнајт
3. Карди Би - американска раперка
4. Avengers: Infinity War - 2018 филм
5. Infinity

Фото: Google (screenshot)

Најбарани поими од областа луѓе и општество

1. Јужни ветар цео филм
2. اخبار شیعه
3. Ерга омнес
4. Јужни ветар
5. Ванчо Петрушевски

Фото: Google (screenshot)

Интересна е и листата со најпребарувани поими што алатките на „Гугл“ ја вадат кога станува збор за поими од областа работа и образование што Македонците ги гуглале во 2018 година.

1. Нова интернационално училиште
2. Матура 2018
3. Work and Travel
4. Вафли рецепт
5. Али експрес

Фото: Google (screenshot)

Кога станува збор за вестите поврзани со политичките настани, сигурно сите веќе знаат кој е најпребаруваниот поим.

1. Референдум Македонија
2. Референдум Македонија 2018
3. Референдум МК
4. Плусинфо
5. Џимејл

Фото: Google (screenshot)

Треба да се напомене дека резултатите постојано се менуваат, па до крајот на 2018 можеби ќе има и некој нов тренд кај Македонците кога станува збор за пребарувањето на интернет.