Моето дете прави чудни движења кога мавта со рацете. Што да преземам?
Моето дете има 16,5 месеци и прави некои движења што ме загрижуваат, на пример, почна да мавта со рацете и тоа со испружени дланки. Го прави кога ќе ѝ речам нешто да не фаќа или кога игра на музика. Исто така, ме загрижува тоа што има одбивност кон некои текстури, како песок или трева, ѝ треба време да ја оставиме за да допре сама. Инаку е доста мирно бебе, пробува да комуницира со нас, покажува со прст, нѐ носи во кујна кога е гладна, знае некои делови од телото, слуша наредби како „дојди кај мама, дај на тато…“ Реди коцки, сака животни, сака деца, оди и во градинка на која многу брзо се адаптира, јаде сѐ, пробува да јаде и сама со рака или прибор, имаме ред во спиење, реагира на име, се смее кога играме, емитира звуци и движења, одговара со да или не на едноставни прашања. Дали треба да сум загрижена и да ја носам некаде за горенаведените работи?
Одговорот од психологот прочитајте го на
Деца.мк.