Фасцинантни факти за филмската индустрија

Фасцинантни факти за филмската индустрија

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Филмската индустрија е позната по тоа што има многу изненадувања зад филмовите и филмските сетови. Без разлика дали зборуваме за нејасни филмски велигденски јајца или за најголемите факти од зад сцената, има многу тајни кои не се видливи со голо око. И тие веројатно би останале скриени ако не беа љубителите на филмот кои се обидуваат да ги откријат сите нешта поврзани со некој филм.

„Филм фактс“, твитер-профил посветен на споделување детали за сите нешта во кинематографијата, дава увид во доста интересни филмски факти што дефинитивно ќе ве фасцинираат.

1. Кијану Ривс донирал 70 отсто од платата од „Матрикс“ за наоѓање лек за леукемија.



2. Екипата од филмот „Враќање на џедајот“ се смеела на дизајнот на ликот на Адмирал Акбар велејќи дека е премногу грд.

Режисерот одбил да го промени ликот велејќи: - Мислам дека е добро да им се каже на децата дека добрите луѓе не се неопходно убави и дека лошите луѓе не се неопходно грди луѓе.



3. Чедвик Боузман снимил 7 филма додека се борел со рак на дебелото црево.



4. За „Лудиот Макс: Патот на бесот“ (2015), Џорџ Милер сакал неговата сопруга Маргарет Сикес да ја направи монтажата на филмот. Кога таа го прашала зошто, со оглед на тоа што никогаш не направила монтажа на акционен филм, Милер ѝ рекол: - Затоа што ако ја направи маж, ќе изгледа како секој друг акционен филм.

Маргарет ја направила монтажата на филмот и освоила „Оскар“ за тоа.



5. Додека работел на „Аладин“, Робин Вилијамс му се јавувал на Стивен Спилберг за да го развесели режисерот кој го снимал филмот „Шиндлеровата листа“.

- Правеше 15-минутен стендап на телефон. Воопшто не велеше чао... само ми затвораше кога ќе добиеше огромна насмевка од мене.



6. Бред Брд бил инспириран да го направи „Железниот џин“ во спомен на неговата сестра Сузан, која ја убил нејзиниот сопруг. Неговата замисла била: - Што ако пиштолот има душа и не сака да биде пиштол?



7. „Кунг-фу панда“ бил толку успешен во Кина што предизвикал национална дебата за тоа зошто луѓето од Западот направиле подобар филм за кинеската култура од самите Кинези.



8. Во „Шиндлеровата листа“ кога Мила Феферберг го сретнала Ралф Фајнс на филмскиот сет, таа почнала да се тресе неконтролирано бидејќи многу личел на вистинскиот Амон Гот.

Гот бил толку злобен и луд во вистинскиот живот, што и нацистите го обвиниле за воени злосторства.



9. Агенцијата МИ6 вели дека не би го вработила Џејмс Бонд во реалноста бидејќи нема емоционална интелигенција, почит кон законот и способност за тимска работа.



10. Додека работела на филмот „Кога јагнињата ќе стивнат“, Џоди Фостер толку се плашела од Ентони Хопкинс како Ханибал Лектор што го избегнувала. Воопшто немале вистински разговор до последниот ден од снимањето на филмот.

Извор: Bored Panda
Фото: Twitter