Колку (не) ни е потребна помош од психолог?

Колку (не) ни е потребна помош од психолог?

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

На Балканот барањето професионална психолошка помош отсекогаш се сметало, а за жал и сè уште се смета, за нешто застрашувачко или срамно. И секој од нас сигурно барем неколку пати на своја кожа го почувствувал товарот на обврските, врските и исполнувањето на одредени очекувања.

За среќа, сè повеќе луѓе го прифаќаат фактот дека понекогаш не можеме сами да ги решиме проблемите и се осмелуваат да побараат стручна помош.

Барањето психолошка помош не е знак на слабост

Психолог е личност која го посветила своето образование на проучување на човековото однесување и начините на кои може да му се помогне на лице што е во неволја. Психологот може да се едуцира во голем број области, но во суштина, секој психолог сака да обезбеди психолошка помош - интервенција која е насочена кон стабилизирање на психолошката состојба, корекција на можни нарушувања или идентификување и решавање лични проблеми, најчесто преку разговор.

Многу истражувачи забележале дека во општеството постои стигма кон барањето психолошка помош, а еве што откриле. Стигмата против барањето стручна помош е поголема кај мажите, луѓето со понизок социо-економски статус, луѓето кои веруваат дека се виновни за проблемот и луѓето кои веруваат дека терапијата не е многу корисна. Интересно е што мажите перципираат поголема јавна стигма против барањето стручна психолошка помош ако мажи бараат помош, а помалку стигматизираат кога жените бараат помош.


Ова се вообичаени заблуди што луѓето ги имаат за психолозите: барањето помош е знак на слабост, психолозите се само за богатите, само „лудите луѓе“ одат кај психолог, кај психолог само разговарате за вашите чувства, „јас веќе пробав - не функционира“, „сè е исто“.

Психолошки третмани

Сите изјави се сумирани од серија студии спроведени од експерти. Секој е слободен да има свој став и мислење, но она што експертите го велат е дека е во ред да си признаете оти понекогаш не можете да го направите тоа сами и дека треба да му верувате на професионалец.

Постојат различни психолошки третмани, а тоа не значи дека секој ќе ви одговара. Повеќето психолошки третмани може да бидат скапи, но постојат и бесплатни извори на помош во здравствените центри, заводите за јавно здравје, разни здруженија и слични институции.

Извор: avaz.ba

Фото: Freepik