Роверот на НАСА слета на Марс и ја испрати својата прва фотографија

Роверот на НАСА слета на Марс и ја испрати својата прва фотографија

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Најновиот ровер на американската вселенска агенција НАСА, „Персевиренс“, вчера (18 февруари) успешно слета на Марс. Набрзо по слетувањето ја испрати првата фотографија од површината на Црвената Планета.



Фотографијата била направена со камерите на роверот кои му помагаат во возењето, а на нив сè уште стои заштитната обвивка. Првите фотографии што ги испраќа роверот ќе бидат со ниска резолуција, а подоцна ќе се испраќаат фотографии со висока резолуција.

Во продолжение е видеото од преносот во живо од слетувањето на роверот на Марс.



Автор: Тони Грејшс
Извор: nasa.gov