Се распадна најголемата санта мраз во светот

Се распадна најголемата санта мраз во светот

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Сателитска фотографија направена на 11 февруари покажува 11 парчиња од санта мраз како пловат околу остров на кој живеат пингвини, наречен Јужна Џорџија, а лоциран на околу 1.500 километри североисточно до Антарктичкиот Полуостров.

Секое од овие парчиња некогаш било дел од сантата мраз А-68а, која се сметаше за најголема санта мраз во светот во последните три години. Таа се распаднала пред неколку недели, а сега секој дел од неа има свое име.

Сантата мраз почнала да се одвојува од ледениот гребен Ларсен Ц во јули 2017 г. Тогаш нејзината површина изнесувала 6.000 квадратни километри. Но, таа била неверојатно тенка и почнала да губи делови од мразот во април минатата година.


Фото: NASA

Кон крајот на 2020 г. сантата се движела кон островот Јужна Џорџија, а научниците стравувале дека таа ќе се судри со островот и ќе го загрози животинскиот свет. Меѓутоа, сантата ја сменила насоката и почнала да се движи околу островот пред да се распадне на над 10 дела. Сега нема опасност за животните на островот.

Научници од Велика Британија планираат да го истражуваат можното влијание на распаднатата санта врз морската вода околу островот, кој е британска територија.

Автор: Брендон Спектор
Извор: livescience.com