Храброста да размислуваш поинаку: како Никола Коперник го промени начинот на учење
Замислете свет во кој сите се сигурни дека ја знаат вистината. Со векови луѓето верувале дека Земјата стои неподвижно во центарот, а сè друго се движи околу неа. Така учеле генерации. Така луѓето го разбирале светот.
И тогаш се појавува човек кој одлучува да ја преиспита „сигурната вистина“ и да погледне кон небото со поинакви очи.
Никола Коперник, роден на 19 февруари 1473 година, не се задоволил со прифатените објаснувања. Наместо тоа, со години внимателно пресметувал и ги набљудувал движењата на небесните тела.
Немал телескоп. Немал современи инструменти. Имaл трпение и голема љубопитност.
Идејата што го смени начинот на кој го разбираме светот
По повеќе од две децении работа, во 1543 година ја објавил книгата „За движењето на небесните топки“.
Во неа систематски го изложил хелиоцентричниот модел:
• Сонцето е во центарот на Сончевиот Систем;
• Земјата ротира околу својата оска;
• Земјата се движи околу Сонцето;
• Планетите кружат околу Сонцето.
Овој модел појасно и поедноставно ги објаснувал движењата на планетите отколку претходниот систем. Наместо сложени конструкции и дополнителни корекции, Коперник понудил логичен и математички уреден приказ на космосот.
Со тоа започнало ново поглавје во науката – поглавје во кое доказот и пресметката стануваат поважни од традицијата.
Зошто неговата работа е толку значајна?
Затоа што не се работело само за астрономија.
Се работело за начинот на размислување.
Коперник покажал дека природата може да се разбере преку логика и математика. Дека сложените појави можат да имаат поедноставно објаснување доколку внимателно се анализираат.
Тој вовел нова перспектива – перспектива во која знаењето се гради врз истражување, проверка и систематска анализа.
Токму тука започнува суштината на научниот пристап.
Од Коперник до современата СТЕМ-методологија
Ако внимателно се анализира начинот на кој работел Коперник, јасно се препознава структура што денес ја поврзуваме со СТЕМ-методологијата:
• Поставување јасно прашање;
• Анализа на податоци;
• Изградба на модел;
• Проверка на применливоста на моделот.
Во програмите на IQ UP! токму овој пристап е во центарот на наставата. Фокусот не е само на тоа што е точно, туку како се доаѓа до точниот одговор.
Преку логички задачи, експерименти и поврзување на математиката со реални ситуации, децата развиваат аналитичко и критичко размислување. Учaт да поставуваат прашања, да проверуваат претпоставки и да бараат докази.
Така се гради самодоверба во размислувањето – вештина што останува далеку подолго од која било поединечна лекција.
Приказната за Коперник покажува дека вистинската промена започнува кога некој ќе се осмели да размислува поинаку.
Не со гласност.
Не со наметнување.
Туку со аргументи и докази.
Кога едно дете ќе научи да размислува систематски, да анализира и да проверува, тогаш започнува вистинското учење.
И можеби токму таму – во тој процес на истражување и разбирање – се раѓа следната голема идеја што ќе го продлабочи нашето знаење за светот.
УПИСИТЕ СЕ ВО ТЕК!
Пријавете се за бесплатен пробен час iqUp.mk/stani-mal-naucnik
Или контактирајте го најблискиот IQ UP! центар:
Аеродром: 070 382 269
Карпош: 071 743 911
Велес: 075 340 443
Битола: 070 245 404
Прилеп: 071 308 446
Кавадарци: 075 733 360
Кичево: 071 777 939
Штип: 075 381 933
Гевгелија: 077 771 708
Струмица: 078 340 709
(Комерцијална објава)