Промена на кариера: Како да го направиш тоа правилно?

Промена на кариера: Како да го направиш тоа правилно?

Три реални приказни. Една HR-перспектива. И сè што треба да знаеш пред да го направиш чекорот.

Седиш на работа. Ја завршуваш задачата. Ја добиваш платата. И така во круг, а внатре нешто ти вели - ова не е тоа.

Не е дека е лошо. Едноставно - не е твое.

„Што ако ја сменам кариерата?“

И веднаш доаѓаат сомнежите: доцна е, немам искуство, од каде да почнам, а ако не успеам?

Ако темава ти е позната - продолжи да читаш.

Промената не е проблемот. Пристапот е.

Илјадници луѓе секоја година ја менуваат професијата. Некои успеваат, некои не. Разликата е во начинот, оние што успеваат не чекаат совршен момент, инвестираат во конкретни вештини, бараат насока од луѓе кои веќе го поминале тој пат и го издржуваат стравот наместо да чекаат да исчезне.

Доста со теорија. Како изгледа тоа во пракса?

CAREER SWITCH DAY - 5.3.2026

Панел-дискусија со тројца говорници кои ќе ти кажат, искрено и без филтри, како реално се менува професија.

🎙️ Бојан Буџаровски

Визуелен дизајнер | Брендинг & Дизајн консалтинг

Кариерата ја започнал во стоматологијата. По едукацијата на Академијата за графички дизајн во Семос Едукација, направил целосен транзит кон креативната индустрија. Денес работи на визуелни идентитети, бренд-стратегии и комуникациски решенија. Дел е и од Fashion Weekend Skopje како Guest Manager.

💬 „Верувам во храброста за кариерни промени и во силата на дизајнот како алатка што создава реална вредност.“

🎙️ Стефанија Софеска

Junior графички дизајнер | AdValue

Пред да се запише на Академијата за графички дизајн во Семос, главното прашање било: „Дали сум доволно добра?“ Денес работи на реални маркетинг-кампањи во AdValue, секој ден, со реални клиенти.

💬 „Стравот е нормален, но упорноста и вербата во себе секогаш носат резултати.“

🎙️ Ника Зикова

HR Manager | Upshift Engineering

Магистер по организациски науки. Добитник на наградата Млад HR ентузијаст 2021 од МАЧР. Коавтор на два академски труда. Предавач на Академијата за HR во Семос Едукација.

Додека Бојан и Стефанија зборуваат за својот пат, Ника дава одговор на прашањето кое сите го имаат, како, дали, и кога да се направи кариерна промена.

Што конкретно ќе дознаеш?

✔️ Како изгледа процесот - од одлука до вработување;
✔️ Кои грешки најчесто се прават и како да ги избегнеш;
✔️ Како пазарот на труд гледа на career switchers;
✔️ Конкретни чекори за правилна транзиција;
✔️ Одговори на твоите прашања во живо.

Детали за настанот:

🎯 CAREER SWITCH DAY
📅 05.03.2026 (четврток)
🕕 18:00 ч.
📍 Семос Едукација, Скопје

Бесплатен влез
Ограничен број места

Не мора да одлучиш денес дали ќе ја менуваш кариерата. Но можеш да дојдеш и да слушнеш од луѓе што веќе го направиле тоа.

Познаваш некој на кого ова му треба? Прати му го линков.


(Комерцијална објава)