Внука ми е прваче и од пред некој месец одбива да оди на училиште, бара еден од родителите да биде присутен таму... Како да ѝ помогнеме?
Јас сум загрижена баба на внука која во декември наполни 6 години и е прваче. Првите три месеци сѐ беше во ред, одеше на училиште и беше радосна за секоја петка што ќе ја добиеше, но при крајот на ноември и цел декември упорно почна да одбива да оди на училиште и плаче. Ако оди на училиште, бара еден од родителите да биде присутен и да ја чека. Многу е паметна, сака да учи, по враќање од училиште седнува одма да си напише домашно. Многу убаво пишува, чита, задачите по математика лесно ги решава, ама одбивноста за на училиште останува. Комуникативна е со другарчињата и не е насилна со нив. Родителите максимално се посветуваат да го решат проблемот, но тој продолжува и во второто полугодие. Би ве замолила за совет и помош како да го надминеме овој проблем.
Одговорот од психологот прочитајте го на
Деца.мк