Естонија бесплатно им ги нуди своите алатки за дигитално образование на државите

Естонија бесплатно им ги нуди своите алатки за дигитално образование на државите

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Естонија, водечка нација во полето на образованието во Европа, најави дека ќе ги сподели сите можни дигитални алатки за помош при образованието со сите земји што се погодени од коронавирусот. Листата со алатки што се достапни на меѓународно ниво може да ја видите тука

Од 16 март сите училишта и факултети во Естонија се затворени. Предавањата и учењето станаа дигитални.

- Кој не се плаши од дигиталното образование? Учењето на дигитален начин е голем предизвик дури и во нормални услови. Сепак, во текот на забраните поради Ковид-19, ова е единствена опција - вели Март Лаидметс, генералниот секретар на министерството за образование во Естонија.


Фото: Pixabay

- Во Естонија имаме голем број решенија за учење од дома. Подготвени сме да ги споделиме најдобрите системи со земјите што имаат потреба. Конечно, овозможувањето образование е основа на едно обновливо општество.

Март Аро, коосновач на европската алијанса „Ед тек“, тврди дека благодарение на прифаќањето на дигиталните технологии во Естонија, секторот сам по себе подржува онлајн-предавања.

- Се подготвуваат многу алатки за меѓународно користење и компаниите што ги развиваат овие алатки се согласија да ги поддржат земјите што имаат потреба. Целта на оваа иницијатива е да се овозможи учење и работење од дома во текот на оваа криза. Исто така, да се зголеми социјалниот аспект со цел поголема мотивација на учениците.

Многу компании се придружија на оваа иницијатива за да обезбедат бесплатни решенија. Тие сметаат дека Естонија е глобално позната по своите дигитални услуги и благодарение на нив, таа е подготвена за оваа криза.


Фото: Pixabay
Примери за решенија:

- Математичка платформа создаде специјална верзија за виртуелен собир на учениците и секој ден организира вебинари за професорите.

- Апликација за учење јазици отвори своја платформа за бесплатно користење од страна на училиштата до крајот на училишната година. Беше создадена и виртуелна соба за професори која нуди услуги како вебинари за да им помогне на професорите при виртуелната комуникација со другите професори.

- Многу градинки имаат создадено свои онлајн-тренинзи за сите деца на предучилишна возраст. 

Автор: Стен Отсма
Извор: hm.ee