Алатки на вештачката интелигенција што можат да ја зголемат вашата продуктивност на работното место

Алатки на вештачката интелигенција што можат да ја зголемат вашата продуктивност на работното место

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Кога се појави „Чет ГПТ“, на крајот од 2022 година, брзо стана нешто за што луѓето не можеа да престанат да зборуваат. Беше јасно дека ќе го промени работниот тек на луѓето во голем број индустрии.

Но, ова не е единствената бесплатна алатка (или евтина) што може да биде ваш личен асистент во текот на работниот ден. Во продолжение ви претставуваме уште неколку вакви слични алатки.

1. „Canva's Magic Write“

Минатиот декември „Канва“ ја промовира својата генеративна алатка за вештачка интелигенција како дел од „Канва докс“ за да им помогне на писателите да ги прошируваат нивните идеи.

- Помислете на тоа како партнер за соработка во вашиот креативен процес. Рано е, но гледаме дека оваа технологија има значителни придобивки во продуктивноста на маркетинг-агентите - вели Камерон Адамс.

Алатката е корисна за изготвување стратешки документ, агенда на состаноци, блог-пост, мотивационо писмо и др.

2. „GPT for Google Sheets“

Оваа екстензија ги чисти списоците и конвертира формати. Освен тоа, може да уредува, сумира, преведува и класифицира.

3. „Eleven Labs“

За луѓето што работат во областа на аудиото, веројатно оваа алатка ќе биде корисна бидејќи го олеснува создавањето клон на вашиот глас со помош на вештачката интелигенција.

Алатката генерира изговорен звук со врвен квалитет на кој било глас и стил и прикажува човечка интонација, а ја приспособува испораката врз основа на контекстот. Може да се користи за раскажување приказни, без разлика дали сте креатор на содржина или развивач на видеоигри, за читање написи или за аудиокниги.

4. „Midjourney“

Ова е совршен медиум за секој што сака да создава уметност со вештачката интелигенција. Оваа алатка ви овозможува да креирате графика и уметност преку внесување текст. Сè што треба да направите е да му кажете што точно ви треба за слика и алатката ќе ја создаде за вас во рок од неколку секунди.

5. „Usechannel.com“

Aлатката одговара на кои било поставени прашања за податоци на англиски јазик. Можете да го поврзете вашиот сет на податоци од најчестите складишта за податоци (Postgres, MySQL, BigQuery и Snowflake), да поставите прашање и веднаш да добиете одговор. Исто како да имате свој аналитичар за лични податоци.

6. „Papercup.com“

Користејќи ја оваа веб-страница, можете да преведете кое било видео користејќи ја вештачката интелигенција.

7. „Tome“

Оваа алатка значи дека раскажувањето приказни е доведено на следното ниво помеѓу пишување известување и добивање нацрт-наратив за видеонарација.

- Ја создадовме оваа алатка за на луѓето да им дадеме нов формат за раскажување приказни кој е интелигентен, динамичен и интерактивен, што ја прави полесна за користење и помоќна од традиционалните алатки за слајдови - вели Кит Пеирис, коосновач и извршен директор на „Tome“.

8. „Rationale“

Оваа алатка за вештачка интелигенција е наменета да им помогне на сопствениците на бизниси, менаџерите и поединците во донесувањето тешки одлуки. Сè што треба да направите е да внесете нерешена одлука или неодлучни опции и алатката за вештачка интелигенција ќе ги наведе добрите и лошите страни, ќе генерира SWOT-анализа или ќе даде причинско-последична анализа за да ви помогне да ги измерите вашите опции.

9. „OtterPilot“

Оваа алатка воведува нови способности со вештачка интелигенција, вклучувајќи автоматизирани резимеа на состаноци и автоматско снимање на слајдови за време на состаноци.

10. „Jasper.ai“

Ова е одлична алатка за луѓето што работат во маркетинг, за користење бура на идеи и нацрти за да се уверат дека не пропуштаат клучни точки. Станува збор за вештачка интелигенција што може да креира содржина за социјални медиуми, рекламирање, е-пошта и многу други работи, приспособена за одреден бренд.

Извор: Worklife.news
Фото: Screenshot