Нова академија во Јужна Кореја ветува дека ќе ве направи к-поп ѕвезда

Нова академија во Јужна Кореја ветува дека ќе ве направи к-поп ѕвезда

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Корејскиот поп, познат како к-поп, стана глобален феномен последните години. Јужна Кореја ќе изгуби милијарди долари од туризам и други добра поврзани со музичката група БТС следните години бидејќи членовите на бендот служат воен рок.

„СМ ентертејнмент“, една од најголемите компании што стојат зад познати корејски музички групи, објави дека обожавателите и талентираните жители ќе имаат можност да одат на академија за к-поп.

Биле отворени тригодишни студии за к-поп кои нудат повеќе насоки, како продукција, вокал, танц, мода и глума. На студиите ќе се примаат 120 студенти во семестар, а еден семестар чини 7.600 долари за вокалната насока, а 6.700 долари за другите насоки.


За да бидат примени, кандидатите треба да поминат на аудиција. Аудиции ќе бидат одржувани и за поминување на секој следен семестар.

Слични академии за тренирање на музички ѕвезди постоеле и претходно во Јужна Кореја. Овие академии најчесто тренираат ученици на возраст од 10 до 14 години.

Извор: Insider
Насловна фотографија: Wikipedia