Пет планети ќе бидат видливи на небото овој месец

Пет планети ќе бидат видливи на небото овој месец

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Оваа година е одлична за фотографирање на планетите видливи на небото. Кон крајот на месецот дури пет планети истовремено ќе бидат видливи на небото.

Јупитер, Меркур, Венера, Уран и Марс ќе може да се видат на небото на 28 март.

По зајдисонцето, Јупитер и Меркур ќе бидат многу светли, во соѕвездието Риби. Погоре на небото, Венера ќе свети силно во соѕвездието Овен. Доколку користите телескоп или друга алатка, во близина на Венера ќе го видите и Уран. Марс ќе се наоѓа повисоко на небото, во близина на Месечината во соѕвездието Близнаци.

Петте планети ќе бидат највидливи на 28 март, но ќе може да се видат и во следните денови. Видливоста ќе зависи и од локацијата и од присуството на облаци.

Извор: Indy100
Насловна фотографија: Pixabay