Кога ќе го земам бебето в раце, поголемата ќерка почнува да плаче, вреска, фрла играчки, сака и неа да ја кренам... Како да постапам?
Имам ќерка од 3 години и 4 месеци која е многу паметна, зборлива, но и прељубопитна, жива, активна. Сега имаме и бебе од 2 месеци. На почетокот сѐ беше добро, но оваа недела поголемата почна да има напади на бес секогаш кога ќе го земеме бебето. Почнува да бара да го оставиме и да одиме со неа до соба, да ја носиме и неа в раце и слично и ако ѝ кажеме „не“, почнува хистерично да плаче, да вреска, да фрла играчки, некогаш знае и кон нас да фрли играчка, не дава да ја гушнеме, не нѐ слуша кога ѝ зборуваме… Буквално плаче за сѐ и сешто. Знаеме дека ѝ е тешко затоа што претходно го имаше целото внимание од сите нас, а сега наеднаш е поделено, но вакви напади на бес ме плашат. Како да постапиме?
Одговорот од психологот прочитајте го на
Деца.мк