Терапија со ХИВ-вирус за имунолошкиот систем

Терапија со ХИВ-вирус за имунолошкиот систем

Американски научници со помош на ХИВ-вирусот развија терапија за лекување и на најтешки видови намален имунитет, така што по терапијата осум бебиња имаат целосно функционален имунолошки систем, објави „Њу Ингланд медисин џурнал“.

Новороденчињата имале потешка комбинирана имунодефициенција позната како „бабл бој“. Потфатот е спроведен во болница во американската сојузна држава Тенеси.

Во рамките на терапијата се зема коскена срж од бебето и се модификува дефектот во ДНК, и тоа  веднаш по раѓањето. „Исправниот“ ген, всушност тој што се користи за лекување, во процедурата се вшприцува во изменета клетка на ХИВ-вирусот, кој ја предизвикува сидата.

Стручните лица соопштија дека повеќето бебиња излегуваат од болница за околу еден месец.

Бебињата ја добивале терапијата во Мемфис и во Сан Франциско.

Извор: МИА