Оглас за вработување во GL Group Consulting. Отворени се две работни позиции

Оглас за вработување во GL Group Consulting. Отворени се две работни позиции

GL Group Consulting - Ние сме мал, но амбициозен тим со единствена мисија: да го подигнеме задоволството на нашите клиенти на повисоко ниво и да го поттикнеме растот и трансформацијата на бизнисите. Поттикнати од желбата за знаење, ние сме посветени на неограничен раст и развој како колектив. Секојдневно учиме, се надоградуваме и се стремиме кон заеднички успех. Во нашата потрага, имаме за цел да го прошириме нашиот тим, барајќи поединци кои ја делат нашата посветеност кон работата и работната етика. Заедно, веруваме дека можеме да го надминеме секој предизвик и да постигнеме извонредни подвизи.

Работна Позиција: Сметководител

Клучни одговорности на ова работно место вклучуваат:
• Подготовка на сметководствена документација и книжење на финансиската и материјална документација
• Контрола на финансиска и материјална евиденција
• Разновидни и сеопфатни сметководствени активности во согласност со сметководствените стандарди и принципи, како и со сите релевантни законски прописи
• Буџетирање и контрола
• Комуникација со сите релевантни државни институции и банки,
• Учество во проекти и тимски задачи;
• Давање на предлози и сугестии за можно зголемување на ефикасноста во работењето

Клучни барања за ова работно место се:
• Универзитетска диплома по сметководство / бизнис администрација / економија / финансиски менаџмент
• Претходно професионално искуство во областа на сметководството (искуство во изготвување на завршни сметки и ДДВ пријави ќе се смета за предност,
• Познавање на целокупно материјално и финансово работење;
• Одлично познавање на MS Office и сродни компјутерски вештини
• Одлично познавање на англиски јазик
• Пожелно поседување на лиценца за овластен сметководител
• Исклучително висока работна етика
• Мотивација за напредување и развој во кариерата

Работна Позиција: Одговорен за NGO проекти

Клучни одговорности на ова работно место вклучуваат:
• Постојано следење на идни отворени повици за прооекти (домашни и странски)
• Разгледување и пополнување на тендерска документација (правна усогласеност, рокови, упатување)
• Изработка на документација за проекти (техничка и административна)
• Припрема на проектите според барањата на повикот
• Постојано контактирање со соработници и одржување на редовни состаноци во врска со проектите
• Аплицирање на проекти

Клучни барања за ова работно место се:
• Завршено високо образование
• Искуство во изработка на проекти за непрофитни организации
• Одлично познавање на MS Office и сродни компјутерски вештини
• Одличен говорен и пишан англиски јазик;
• Способност за пишување на содржината на проектот
• Поседување на комуникациски способности
• Исклучително висока работна етика
• Мотивација за напредување и развој во кариерата

Што можеме да ви понудиме?

Пријателска и динамична работна средина
Целосно финансирани формални обуки и професионални квалификации
Тренирање и советување од високи професионалци
Можност за обуки за outsourcing сметководствено работење за UK и US.
Можност за работа на непрофитни проекти
Канцелариски погодности, доручек и ручек
Награди за лојалност на вработените

Опис на прво работно место: Сметководител
Опис на второ работно место: Одговорен за NGO проекти

Сите потенцијални колеги можат да аплицираат на : finance@glgroupmanagement.com
По разгледувањето на Вашето CV ќе бидате контактирани за да го закажеме вашето интервју.
Со среќа! 😊