Студентите на УКЛО освоија две индивидуални награди на Националниот натпревар за симулирано судење

Студентите на УКЛО освоија две индивидуални награди на Националниот натпревар за симулирано судење

На Националниот натпревар за симулирано судење, кој се одржа на 12.4.2024 година во Дигиталната судница во Идризово, а во организација на ИДЛО и Амбасадата на САД во РСМ, нашиот тим освои две индивидуални награди, односно за најдобар бранител - Теона Вучева и најдобар сведок/вештак - Ангела Димовска. Во тимот беа уште и студентите Ангела Лавровска, Христина Гарабиљевиќ, Александар Ристевски, Викторија Павловска, Марио Илиевски и Ивона Козарова. Студентите работеа под менторство на вон. проф. д-р Ангелина Станојоска, вон. проф. д-р Ице Илијевски, доц. д-р Ивона Шушак Лозановска и доц. д-р Пакиза Туфекџи и адвокатот д-р Никола Главинче.

На натпреварот учествуваа, покрај нашиот Правен факултет, уште и Правниот факултет при Државниот универзитет во Тетово, Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и Правниот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа.

sudenje

Оваа година симулациите на главна расправа се однесуваа на кривични дела поврзани со корупција. Нашите студенти подготвуваа писмени списи и симулирано судење за кривичното дело примање поткуп.

Преку учеството на ваквите натпревари, на нашите студенти им овозможуваме практично да се запознаат со текот на кривичната постапка во нашата земја, како и одблиску да ги учат обврските и правата на странките во постапката и функционирањето на судовите во РСМ.

(Комерцијална објава)