Признаваат дека прават 10 опасни работи зад воланот, но и понатаму мислат дека возат подобро од другите

Признаваат дека прават 10 опасни работи зад воланот, но и понатаму мислат дека возат подобро од другите

Ново истражување покажа дека деконцентрацијата на возачите и понатаму е сериозен проблем, но и дека возачите често ја преценуваат сопствената внимателност зад воланот.

Според анкетата на американската компанија „Меркјури иншуранс“, возачите признале дури 10 различни дејства што им го одвлекуваат вниманието во текот на возењето, но и покрај тоа, мнозинството се оцениле себеси како повнимателни возачи од просекот.

Само 8 отсто од испитаниците навеле дека не правеле ниту едно од 27. понудени дејства што ја попречуваат концентрацијата зад воланот.

Најчести навики на возачите


пиење пијалаци за време на возењето (79 %)
местење навигација на телефонот (69 %)
барање предмети низ автомобилот (69 %)
телефонски повици со слушалки (66 %)
јадење зад воланот (61 %)

Посебно загрижува податокот дека 59 отсто од возачите признале дека читаат пораки или известувања додека возат, додека повеќе од половината навеле дека мислите често им одлетуваат од патот.

Иако најмногу се зборува за социјалните мрежи, само 13 отсто од испитаниците признале дека „скролаат“ по мрежите за време на возењето, а 10 отсто дека гледаат кратки видеоснимки.

Опасности што повеќе не се сметаат за проблем

Суштината на истражувањето е дека најопасни се токму оние дистракции што многумина повеќе не ги сметаат за проблем, како јадењето, пиењето или краткиот поглед на телефонот.

Статистиката покажува колку може да биде опасно тоа: само во текот на 2023 година во САД, поради деконцентрација на возачите, загинале 3.275 луѓе, додека речиси 290.000 биле повредени.

Извор: b92
Фото: