Земја со најголем недостиг на мажи во светот: „Изнајмување маж на час“ е единствен спас за дeвојките

Земја со најголем недостиг на мажи во светот: „Изнајмување маж на час“ е единствен спас за дeвојките

Освен неколку исклучоци, демографски гледано, повеќето земји имаат рамномерен однос на мажи и жени, некаде околу 50 отсто, со неколку проценти повеќе или помалку на едната или на другата страна. Во Источна Европа уделот на жените во популацијата е поголем, делумно поради поголемата стапка на смртност кај мажите во зрелата возраст. Тоа е тренд што се протега низ поголемиот дел од Европа.

Според неодамнешниот извештај на „Евростат“, во сите држави на Европската Унија има повеќе жени отколку мажи (104,4 жени на 100 мажи). Тоа важи за целата ЕУ, освен во Малта, Шведска, Луксембург и Словенија. А постои и една земја во која овој однос е уште поизразен. Станува збор за Летонија, која има 15,5 отсто повеќе жени отколку мажи, што е повеќе од трипати над просекот на ЕУ.

На секои 100 жени околу 20 не можат да си најдат момче. Ако застанете на улица во градот, ќе видите исклучиво убави, високи и многу привлечни жени. Во Летонија жените толку многу сакаат да се омажат, што се подготвени да ги спуштат своите критериуми. Не им е претерано важно дали имате добра работа или пари. Многу од нив се подготвени да ви понудат куќа и автомобил за да ве придобијат.

Исто така, Летонија има сè постара популација. Во период од 20 години, од 1 јануари 2004 до 1 јануари 2024 година, ЕУ забележа пораст од 2,3 процентни поени во бројот на жители постари од 80 години. Во Летонија уделот на населението над 80 години порасна од 2,9 на 6,1 отсто.

Недостигот на мажи веќе создава проблеми во Летонија. Данија, млада немажена жена од Рига, објаснува дека 98 отсто од нејзините колеги на работа се од женски пол.

- Дури и поради добра рамнотежа, би сакала да има малку повеќе мажи за разговор. Едноставно е поинтересно - вели таа.

Основани компании за изнајмување маж на час

Постојат и многу други лоши страни на недостигот на машко друштво. Многу жени не се заинтересирани за поправки по принципот „сам свој мајстор“ и сметаат дека е добро да се има маж во куќата за водоинсталатерски работи, склопување мебел, столарски работи, поправка на неисправни инсталации или електрични уреди.

Побарувачката е толку голема, што се основани низа компании кои нудат услуги за „изнајмување маж“. Компанијата „Ремонтдарби“ во Рига им овозможува на жените да изнајмат маж со „златни раце“ на час. Искусни мајстори доаѓаат во рок од еден час, подготвени за која било задача, едноставна или сложена.

А за Летонките што сакаат да бидат во долготрајна врска и можеби да основаат семејство, нештата не се едноставни. Другарката на Данија, Зане, заклучува:

- Затоа сите мои другарки заминаа во странство и таму си најдоа момчиња.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik