Луѓето едвај ја чекаат новата дистописка серија снимена според филмот „Сноупирсер“

Луѓето едвај ја чекаат новата дистописка серија снимена според филмот „Сноупирсер“

Подготвил: Тамара Гроздановски

Светот се промени, а човештвото се бори за опстанок. Возот кој патува низ светот ги вози остатоците од човештвото: 3.000 луѓе поделени во класи. Ова е дејствието во серијата што наскоро доаѓа, а можеби ви звучи познато ако сте го гледале филмот „Сноупирсер“ (Snowpiercer) на режисерот Бон Џон Хо, кој неодамна доби „Оскар“ за филмот „Паразит“.

„Сноупирсер“ се темели на графичките романи создадени од Жак Лоб и Жан-Марк Рошет. Но, серијата не е римејк на истоимениот филм на Бон Џон Хо од 2013 година, туку претставува нов протагонист, Андре Лејтон со мисија да ги уништи деструктивните класни системи во возот.

Серијата ја потпишува Грем Менсон, а дел од актерската екипа се Џенифер Конели, Алисон Рајт, Мики Сумнер, Лина Хол, Шеијла Ванд и Стивен Ог.




Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube