Оваа земја воведе апликација за плажа: Со неколку кликови ќе видите дали има место

Оваа земја воведе апликација за плажа: Со неколку кликови ќе видите дали има место

Подготвил: Тамара Гроздановски

Португалија повторно ќе ги отвори своите плажи на 6 јуни, изјави премиерот Антонио Коста.

Тој ги повика граѓаните да ја преземат и апликацијата со чија помош ќе проверат дали на плажата на која сакаат да одат, има место.


Според новите правила за плажи, групите ќе мораат да бидат одделени на 1,5 метар, лежалките ќе можат да се изнајмат само на половина ден, а групните спортови нема да бидат дозволени.

Сепак, полицијата нема да ги надгледува плажите, изјави премиерот повикувајќи ги луѓето да се придржуваат кон правилата.

Португалската Агенција за животна средина разви апликација која во реално време ќе собира податоци за тоа колку луѓе има на плажа, така што ќе можат да проверат колку луѓе се на плажата во секој период од денот. 

portugalija
Фото: Pixabay

Владата со мобилните оператори сега работи и на тоа да овозможи собирање на податоци не само за тоа колку луѓе се на плажата, туку и како се распоредени.

Инаку, Португалија веќе почна со втората фаза на ублажување на рестрикциите, што значи дека ќе се отворат рестораните, музеите и кафулињата и училиштата за некои одделенија.

Од 4 мај беше дозволено и отворање на помали продавници и ублажени се некои ограничувањата што се однесуваат на патувањата.

Извор: B92.net