Овој уред не вадете го од автомобилот кога точите гориво

Овој уред не вадете го од автомобилот кога точите гориво

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Сигурно барем еднаш сте забележале знак кој забранува употреба на мобилни телефони во близина на бензинска пумпа. Ако се прашувавте зошто не можете безгрижно да зборувате на телефон додека го полните автомобилот со гориво, одговорот е - експлозивен.

Има сериозна причина да не го вадите мобилниот телефон од автомобилот кога полните бензин или дизел.

Компанијата „Шел“ напишала на својата страница:

- Не е безбедно да го користите телефонот надвор од возилото или додека возите. Сепак, сосема е безбедно да го користите вашиот мобилен телефон во возило паркирано на бензинска пумпа. Кога точите гориво, треба да го оставите телефонот во возилото или да го ставите в џеб.

Но, во своето соопштение, петрохемиската компанија не објаснува зошто не е паметно да се користи телефон на бензинска пумпа. Според упатствата, мобилниот може спонтано да се запали!

Опасноста од користење мобилен телефон на бензинска пумпа

- Основната грижа е дека мобилните телефони, кога се во употреба, потенцијално можат да запалат запаливи пареи присутни на бензинската пумпа. Идејата е дека електронските уреди, вклучително и мобилните телефони, можат да испуштаат мали електрични искри од нивната батерија или електронските компоненти, особено ако уредот е оштетен. Овие искри, теоретски, би можеле да ги запалат пареите на бензинот, кои се многу запаливи - изјавил Џош Амишав, основач и извршен директор на безбедносната фирма „Бричсенс“.

Колку е реален ризикот?

Според Амишав, реалноста е малку поинаква од теоретскиот ризик.

- Важно е да се забележи дека вистинските инциденти со мобилни телефони кои предизвикуваат пожари на бензинските пумпи се исклучително ретки. Современите уреди се дизајнирани да бидат многу безбедни, а има малку научни докази дека типичната употреба на мобилни телефони може да ги запали пареите на бензинот. Голем дел од прописите и знаците се однесуваат на претпазливост и се засноваат на општите принципи за намалување на сите потенцијални извори на пожар во запаливи средини - заклучил тој.

„Фјуелс индустри ОК“, трговско тело за индустрија на гориво во Обединетото Кралство, исто така истакнува дека не се пронајдени докази за поврзување на пожарите со запалувањето на мобилните телефони“, во истражувањето спроведено од Институтот за енергија. И покрај ова, „Фјуелс индустри ОК“ им препорачува на своите членови да не користат телефони на бензинската пумпа.

Првата причина нема врска со технологијата во уредот, туку поради проблемите што ги предизвикуваат телефоните кога станува збор за одвлекувањето на вниманието.

- Употребата на мобилните телефони може да биде сериозно одвлекување на вниманието на луѓето кои полнат гориво или го преминуваат дворот на бензинската пумпа, поради бројот на возила во движење. Движењата во сообраќајот секогаш ќе претставуваат ризик за клиентите и затоа е важно да се остане внимателен - се вели во извештајот.

Извор: net.hr

Фото: Freepik