Какво време нѐ очекува наредниве неколку дена

Какво време нѐ очекува наредниве неколку дена

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец, а по должината на Повардарието повремено ќе се засилува. Попладне локално ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд и грмежи, особено во југозападните делови.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 18 степени, а дневната од 20 до 32 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе достигне до 17 степени, а дневната температура до 29 степени.

В среда и в четврток ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Од сабота се очекува промена на временската состојба, ќе дува северен ветер и ќе предизвика пад на температурата, а сѐ уште ќе има локални врнежи од дожд.

Извор: МИА