Еве како би напредувале луѓето во првите 30 години на Марс

Еве како би напредувале луѓето во првите 30 години на Марс

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Илон Маск планира да биде човекот што ќе стои зад првата човечка мисија на Марс. Претприемачот претходно зборувал за плановите за испраќање луѓе на оваа планета.

Краток документарец од „Венчур сити“ покажува како би изгледал животот на Марс, колку луѓе би отишле на првите мисии, како и начинот на кој ќе напредува човечката колонија на Марс во следните децении.

Приказната започнува во 2024 г. со испраќање материјали потребни за живот на Марс. Според документарецот, до 2051 г. на Марс би живееле над 140.000 луѓе.


Извор: The Futurist
Фото: Принтскрин/Youtube