Фокусот на наставниците од непотребната административна работа да се насочи на учениците

Фокусот на наставниците од непотребната административна работа да се насочи на учениците

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Министерката за образование и наука на Хрватска, Блаженка Дивјак, најави дека во рамките на актуелните реформски процеси ќе ги ослободи наставниците од нивниот фокус на непотребна административна работа за да се насочи на учениците.

Како што беше соопштено од хрватското министерство за образование и наука, со текот на времето се создаде мит за документацијата што е задолжителна, иако немало основа за толку обемна педагошка документација, поради што почнал сеопфатен процес на ослободување од административните работи на просветните работници.

- Административното ослободување на наставниците е важно и е дел од целокупниот реформски процес што е во тек. Мораме да ги ослободиме наставниците од непотребните документи за тие да го пренесат фокусот од документите на учениците - изјави Дивјак.

1
Фото: Pixsell

Затоа се оди со промена на пет правилници, на пример, промена на потребата на почеток да се направи планирање за целата училишна година и се предлага ваквото планирање да се извршува за секој нареден месец.

- За промена, доволен е договор на наставникот и ученикот, со што ставаме поголем акцент на автономијата на наставникот, што пак е нагласено во наставната реформа. Со помош на дигитализацијата, на едно место ќе се видат сите податоци и нема да биде потребно оптоварување на наставникот - вели таа.

Наместо двојно водење евиденција, и на хартија и во е-дневникот, се укинува обврската за посебно евидентирање бидејќи сите податоци се достапни во е-дневникот. Како што најави министерството, како дел од севкупното административно олеснување до наесен е во план промена на Правилникот за начини, постапки и елементи за оценување на учениците во основните и во средните училишта, Правилникот за неделните работни обврски на наставниците и стручните соработници во основно училиште.