Најчудната шума во светот каде што дрвјата растат наопаку

Најчудната шума во светот каде што дрвјата растат наопаку

Подготвил: Билјана Арсовска

Лектор: Ивана Кузманоска

Сместено во планините Тијан Шан во Казахстан лежи езерото Каинди. Тоа настанало по земјотрес во 1911 година и сигурно е меѓу најнеобичните на планетава.

Земјотресот предизвикал големи свлечишта и така создал голема вдлабнатина. Последователно, дождот ја исполнил долината и создал езеро.

Езерото е познато по големиот број стебла оморика, кои извираат од водата, а станува збор за остатоци од дрвја што се потопени при формирањето на езерото.

Стеблата што се наоѓале на местото каде што е сега езерото успеале да опстанат и покрај тоа што се потопени во вода и изгледаат мистично и моќно, а тиркизната боја на водата ја прави глетката уште поспектакуларна.

Глетката од под вода е уште поубава бидејќи дрвјата не се разградени, па се создала една преубава подводна шума.

Изненадувачки е што ова езеро го посетуваат многу малку туристи, но причината веројатно лежи во тоа што недалеку од Каинди се наоѓаат познатите езера Болшое Алматинское и Колосај, до кои има попристапен приод.

Покрај тоа што е во близина на градска средина и повеќемилионска популација, во околината на езерото атмосферата е мирна, совршена за одмор и уживање.

Погледнете ја глетката под вода.



Фото: Freepik