Не кажувај ми колку си образован, кажи ми колку си патувал!

Не кажувај ми колку си образован, кажи ми колку си патувал!

Подготвил: Тамара Гроздановски

Цитатите за патувања на најубав начин ја пренесуваат суштината на патешествијата низ светот, а нивната формула гласи: истражувај, запознај, живеј! Патувањата се и доказ дека постои друго богатство покрај материјалното, па често ќе слушнете дека шетањето низ светот е единствената работа што чини пари, а истовремено и збогатува.

За тоа колку се важни патувањата за начинот на кој го гледаме светот, редовно нè потсетува и културата, која ни нуди голем број литературни цитати, филмски сцени, па дури и цели книги и песни за патувањата.

Во продолжение ви ги нудиме најубавите цитати за патувањето - од книгите, филмовите и песните. Несомнено е дека ќе ве инспирираат да ги спакувате куферите и да тргнете на некое патување.

- Не сите оние што лутаат се изгубени - напишал творецот на „Господарот на прстените“, Толкин, во неговата песна „Не е злато сè што сјае“. Оваа реченица е еден од најпознатите цитати за патување од светот на книгата.

patuvanje
Фото: Depositphotos


- Запознај го светот. Пофантастичен е од секој сон направен или платен во фабрика - со овој цитат Реј Бредбери алудирал на значењето на патувањето во неговиот култен роман „Фаренхајт 451“.

- Имаш мозок во главата. Имаш нозе во чевлите. Можеш да се упатиш на која било страна што ќе ја избереш - напишал Теодор Гејзел во прекрасната детска книга „Ох, местата што ќе ги видиш!“

- Вистинската убавина на патувањето не се состои во откривање нови пејзажи, туку во менувањето на погледот кон светот - напишал Марсел Пруст во неговото најпознато дело „Во потрага по изгубеното време“.

- Остави го светот да те промени, па и ти ќе можеш да го промениш светот - напишал најпознатиот револуционер Че Гевара во „Дневникот на мотоциклистот“.

- Да патуваш, значи да живееш - напишал Ханс Кристијан Андерсен во својата автобиографија.

- Патувањето е вредно за секоја цена и жртва - напиша Елизабет Гилберт во книгата „Јади, моли се, уживај“.

- Градовите отсекогаш биле како и луѓето, покажувајќи ги своите различни особини. Зависно од градот и туристите, меѓу нив може да постојат љубов и несогласувања, пријателство или непријателство - напишал Роман Пајн.

- Светот е книга, а оние што не патуваат читаат само една страница - се зборови што му припаѓаат на Св. Августин.

- Не кажувај ми колку си образован, кажи ми колку си патувал - напишал Мухамед, исламскиот пророк.

Цитати за патувањето од филмовите

Не се само книгите оние што нудат прекрасни мисли за патувањето. Цитати за патувањето, преубавите предели во светот и лутањето низ светот забележа и филмската камера.

- Сакам кога ќе се разбудам наутро, не знаејќи што ќе се случи, кого ќе запознам и каде ќе ме однесе ветрот - Џек Досон, „Титаник“.

- Светот не е во книгите и мапите, тој е надвор - Гандалф, „Хобитот“.

- Нека патувањата нè одведат далеку од домот, а некои авантури до нашата судбина - „Хрониките на Нарнија“.

- Каде треба да одиме ние што лутаме по овој свет барајќи подобра верзија од себеси? - „Лудиот Макс“.