Изјава на македонските научници и истражувачи

Изјава на македонските научници и истражувачи

По повод „Препораките за заедничко одбележување на историски личности“ на „Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања усвоени од страна на Заедничката меѓувладина комисија формирана согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија“

Имајќи ги предвид етичките кодекси на академската заедница, современите научни методи и парадигми, автономноста на научно-истражувачката дејност, како и интегритетот на македонските општествени, хуманистички и историските науки, Ние, припадниците на академската и научно-истражувачката заедница од Република Македонија, со индигнација ги отфрламе „Препораките на Заедничката македонско-бугарска мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања“ и истите ги сметаме за псевдонаучни, поради следниве причини:
- „Препораките...“ го игнорираат фактот дека ‘историското право’ не е призната категорија во меѓународното право, па следствено - за историските прашања не се валидни политичките спорови и договори.
- „Препораките...“ ја интерпретираат, па и ја ревидираат македонската и регионалната балканска историја на начин кој има политички претекст, поради што отстапуваат од принципот на научност и етичност.
- Политичкото инсистирање да се усвојат билатерални препораки за историја која има мултилатерален и унилатерален карактер, па не може да се официјализира како „заедничка“ бугарско - македонска историја, претставува повреда на референтната парадигма на хуманистичките науки.
- Под привид на реципроцитет, „Препораките...“ промовираат метод на арбитрарно и пристрасно толкување на историските факти, личности, настани и процеси кои се значајни за повеќе народи, култури, држави и епохи.
- Во овие „Препораки...“, македонската, јужнословенската, општословенската и балканската историја се толкуваат на бугароцентричен начин, со што отстапуваат од востановените научни сознанија во македонистиката, славистиката и балканистиката.
- „Препораките...“ го дискриминираат усвоениот и научно заснован наратив за културната, националната и политичката историја на Македонија, застапуван од македонски и други научници со меѓународна репутација.
- Иако историјата на Македонија и на Македонците е повеќедимензионална и опфаќа повеќе историски епохи и цивилизациски констелации (античка, средновековна, нововековна, современа), во „Препораките...“ се маргинализираат цели епохи од национална, регионална и меѓународна важност.
- Во контекст на македонската историја, Македонија може и треба да се проучува, културолошки, тематски и методолошки, на повеќе начини: како територија (геополитички), како држава, како нација која има свој сопствен развоен културен и политички континуум - од етнос до македонска политичка нација и признат меѓународно правен субјект.
- Македонската историја претставува суверен интерес на Република Македонија, како што историјата на Бугарија е примарен интерес на бугарската држава, па треба да го задржи правото на сопствено научно и официјално толкување.

Поради сето ова, ги сметаме за ништовни и нерелевантни за нашата понатамошна научно истражувачка дејност т.н. „Препораки за заедничко одбележување на историски личности“ на „Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања усвоени од страна на Заедничката меѓувладина комисија...“


Потписници:

акад. Катица Ќулавкова
акад. Љупчо Коцарев
акад. Ѓорги Поп Атанасов
акад. Зузана Тополињска
акад. Витомир Митевски
акад. Марјан Марковиќ
акад. Митко Манџуков
акад. Леонид Грчев
проф. д-р Веселинка Лаброска, дописен член на МАНУ
проф. д-р Лилјана Макаријоска, дописен член на МАНУ
проф. д-р Венко Андоновски, дописен член на МАНУ
проф. д-р Ганка Цветанова, Институт за социолошки и политичко правни истражувања, УКИМ, Скопје
проф. емеритус Горан Калоѓера, дописен член на МАНУ
проф. д-р Александар Атанасовски, Институт за историја, Филозофски факултет, УКИМ
проф. д-р Војислав Саракински, Институт за историја, Филозофски факултет, УКИМ
проф. д-р Коста Аџиевски, Институт за историја, Филозофски факултет, УКИМ
проф. д-р Михајло Миновски, Институт за историја, Филозофски факултет, УКИМ
проф. д-р Стефан Пановски, Институт за историја, Филозофски факултет, УКИМ
проф. д-р Виолета Ачкоска, Институт за историја, Филозофски факултет, УКИМ
проф. д-р Драги Митревски, Институт за историја, Филозофски факултет, УКИМ
проф. д-р Никола Минов, вонреден професор, Филозофски факултет
проф. д-р Марјан Јованов, Институт за археологија, Филозофски факултет, УКИМ
проф. д-р Виктор Лилчиќ, Институт за археологија, Филозофски факултет, УКИМ
проф. д-р Антонио Јакимовски, Институт за археологија, Филозофски факултет, УКИМ проф. д-р Бошко Ангеловски, Институт за старословенска култура, Прилеп
проф. д-р Ели Луческа, Инститyт за старословенска култура, Прилеп
проф. д-р Ели Милошевска, Институт за старословенска култура, Прилеп
д-р Наде Проева, редовен професор во пензија, Филозофски факултет, УКИМ
проф. д-р Митко Б. Панов, Институт за национална историја, Скопје
проф. д-р Маја Ангеловска – Панова, Институт за национална историја
проф д-р Габриела Топузовска, Институт за национална историја
проф. д-р Лидија Ѓурковска, Институт за национална историја
проф. д-р Силвана Сидоровска – Чуповска, Институт за национална историја
проф. д-р Катерина Тодороска, Институт за национална историја
проф. д-р Вера Гошева, Институт за национална историја
проф. д-р Теон Џинго, Институт за национална историја
проф. д-р Драгица Поповска, Институт за национална историја
проф. д-р Горѓи Чакарјаневски, Институт за национална историја
проф. д-р Марјан Димитриевски, Институт за национална историја
проф. д-р Ѓорги Малковски, Институт за национална историја
проф. д-р Новица Велјановски, Институт за национална историја
проф. д-р Александар Манојловски, Институт за национална историја
проф. д-р Лилјана Гушевска, Институт за национална историја
проф. д-р Нада Јурукова, Институт за национална историја, Скопје
проф. д-р Наташа Котлар – Трајкова, Институт за национална историја
проф. д-р Елизабета Демитрова, Институт за историја на уметност, Филозофски факултет
проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, Правен Факултет "Јустинијан Први", УКИМ
д-р Симона Груевска, научен советник, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“
д-р Александра Ѓуркова, научен советник, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“- Скопје, УКИМ
д-р Елка Јачева-Улчар, научен советник, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Скопје, УКИМ
проф. д-р Билјана Ванковска, Филозофски факултет – УКИМ, Скопје
проф. д-р Јасна Котеска, Филолошки факултет „Блаже Конески“ – УКИМ
проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, декан на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ - Скопје
проф. д-р Дарија Андовска, декан на Факултетот за музичка уметност – Скопје, УКИМ
д-р Велика Стојкова Серафимовска, виш научен соработник, ЈНУ Институт за фолклор „Марко Цепенков“, УКИМ
проф. д-р Иванка Василевска, Правен Факултет „Јустинијан Први“, Скопје, УКИМ
проф. д-р Стојко Стојков, УГД, Штип
проф. д-р Тодор Чепреганов, УГД, Штип
д-р Катица Топлиска-Евроска, виш научен соработник, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Скопје, УКИМ
д-р Олгица Додевска-Михајловска, научен советник, Институт за македонски јазик ,,Крсте Мисирков"
д-р Гоце Цветановски, научен советник/редовен професор, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“
проф. д-р Сузана Миовска – Спасева, Филозофски факултет – Скопје, УКИМ
д-р Катица Трајкова, научен советник, Институт за македонски јазик "Крсте Мисирков",
д-р Снежана Петрова-Џамбазова, виш научен соработник, Институт за македонски јазик "Крсте Мисирков"
д-р Наталија Андријевска, научен советник, ЈНУ Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, УКИМ
д-р Весна Миовска, научен советник, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ -
д-р Елеонора Серафимовска, научен советник, Институт за социолошки и политичко правни истражувања – Скопје, УКИМ
д-р Маријана Марковиќ, научен советник, Институт за социолошки и политичко правни истражувања – Скопје, УКИМ
д-р Марија Топузовска Латковиќ, научен советник, Институт за социолошки и политичко правни истражувања – Скопје, УКИМ
проф. д-р Наташа Аврамовска, раководител на Институтот за македонска литература, УКИМ
проф. д-р Маја Јакимовска - Тошиќ, Институт за македонска литература, УКИМ
проф. д-р Илија Велев, Институт за македонска литература, УКИМ
проф. д-р Валентина Христовска-Миронска, Институт за македонска литература
проф. д-р Славчо Ковиловски, научен советник, Институт за македонска литература д-р Билјана Рајчинова Николова, соработник истражувач, Институт за македонска литература
м-р Ема Лакинска, соработник истражувач, Институт за македонска литература
м-р Жарко Иванов, соработник истражувач, Институт за македонска литература
м-р Славица Петровска Ѓорѓевска, соработник истражувач, Институт за македонска литература
проф. д-р Љубица Станковска, Институт за македонски јазик
д-р Иван Иванов, Меѓународен балкански универзитет, Скопје
проф. д-р. Антоанела Петковска, Филозофски факултет - Скопје, УКИМ
проф. д-р Ило Трајковски, Филозофски факултет - Скопје, УКИМ
проф. д-р Константин Миноски, Филозофски факултет - Скопје, УКИМ
проф. д-р Солза Грчева, редовен професор во пензија, УГД – Штип
проф. д-р Мимоза Серафимова, УГД, Штип
проф Ѓорѓи Серафимов, УГД, Штип
д-р Бранислав Светозаревиќ, Архив на Р. Македонија
м-р Александар Јорданоски, лингвист и специјалист за културно наследство
проф. д-р Мишо Нетков, ЕСРА, Скопје
проф. д-р Слоботка Алексовска, ПМФ, УКИМ
проф. д-р Верица Јосимовска, УГД Штип
проф. д-р Михајло Марковиќ, Универзитет во Тетово
проф. д-р Благица Петковска, Педагошки факултет, УКЛО
проф. д-р Игор Улчар, Факултет за ветеринарна медицина – УКИМ
проф. д-р Богдан Богданов, ПМФ – Скопје, УКИМ
проф. д-р Јане Богданов, ПМФ – Скопје, УКИМ
проф. д-р Гордана Богоева-Гацева, Технолошко-металуршки факултет, УКИМ
доц. д-р Соња Николова, историчар
д-р Мирјана Нинчовска, Музеј на Р. Македонија
д-р Јасмина Дамјановска, Архив на Македонија
проф. д-р Марина Цветковска, Универзитет на Отава, Канада
д-р Ведрана Цветковска, МекГил Универзитет
поф. д-р Игор Јанев, научен советник, Институт за политички науки Белград
проф. д-р Гоце Андревски, Квинс Универзитет, Канада
проф. д-р Марјан Попов, Технолошки Универзитет - Делфт, Холандија
д-р Александар Шулевски, научен соработник, Лајден Универзитет, Холандија
проф. д-р Каланоски Димитрија, Универзитет на Манчестер, Велика Британија
проф. д-р Тихомир Стојановски, Факултет за драмски уметности
проф. д-р Валентина Божиновска, Факултет за драмски уметности
д-р Ник Анастасовски, историчар, македонска заедница од Мелбурн
д-р Ивица Баковиќ, доцент, Филозофски факултет, Загреб, Хрватска
д-р Марјан Патлиџанковски
д-р Зоран Богоевски, историчар
д-р Ицо Најдовски, историчар
м-р Марјан Гијовски, Архив на Р. Македонија
м-р Цуте Крајчевски, Архив на Р. Македонија
м-р Филип Марковски, историчар
м-р Игорче Дунимаглоски, историчар
Јулија Митревска, историчар
Слободан Ников, историчар
Кирил Јордановски, историчар
Филип Аџиевски, историчар
Васко Гичевски, историчар
Проф. д-р Зоран Хаџи-Велков, дописен член на МАНУ
Проф. д-р Тања Каракамишева, Правен Факултет „Јустинијана Прима“, УКИМ
Академик Сибила Петлевски, редовен професор, ХАЗУ, Загреб
Проф. д-р Сњежана Бановиќ, универзитетски професор, Загреб
Д-р Гоце Панговски, независен истражувач, Вашингтон Стејт Универзитет, САД
Проф. д-р Надежда Апостолова, Медицински факултет, Универзитет на Валенсија, Шпанија
Д-р Горан Тренчовски, Велика Британија
Д-р Софија Тренчовски, Велика Британија
Проф. д-р Ристо Солунчев, Институтот по философија, Филозофски факултет, Скопје
Д-р Игор Радев, самостоен истражувач, лингвист, теоретичар, синолог
Проф. д-р Сузана Миовска-Спасева, Институт за педагогија, Филозофски факултет, УКИМ,
Проф. д-р Ангелина Бановиќ, Филолошки факултет „Блаже Конески“
Д-р Бошко Караџов, професор по филозофија и научен истражувач
Проф. д-р Снежана Филипова, Институт за историја на уметноста со археологија, ФЗФ
Доц. д-р Мерсиха Исмајлоска, УИНТ "Св. Апостол Павле", Охрид
Проф. д-р Александар Прокопиев, научен советник во пензија, Институт за македонска литература, Скопје
Проф. д-р Кирил Пенушлиски, Факултет за театарски уметности, Универзитет Еуропа Прима,
Проф. д-р Томислав Таневски, редовен професор, Факултет за театарски уметности, проректор за настава, Универзитет Еуропа Прима, Скопје
Ред. проф. Роберт Вељановски, Факултет за театарски уметности, Универзитет Еуропа Прима,
Проф. д-р Мимоза Рајл, Факултет за театарски уметности, Универзитет Еуропа Прима, Скопје
М-р Миле Петковски, Магистер по Култулорошки студии, редовен професор во пензија, Претседател на сенатот на Интернационалниоѕ универзитет Еуропа Прима, Скопје
Доц. д-р. Јани Бојаџи, Факултет за театарски уметности, Универзитет Еуропа Прима - Скопје
М-р Јордан Плевнеш, екс амбасадор на Р. Македонија и ректор на ЕСРА
Проф. д-р Луси Караниколова-Чочоровска, Катедра за македонски јазик и книжевност, УГД
Проф. д-р Ранко Младеноски (редовен професор), Катедра за македонски јазик и книжевност, Филолошки факултет, УГД, Штип
Проф. д-р Ана Витанова-Рингачева, Катедра за македонски јазик и книжевност, Филолошки факултет, УГД, Штип
Проф. д-р Татјана Атанасова - Пачемска, редовен професор, УГД, Штип
Проф. д-р Јованка Денкова, Катедра за македонски јазик и книжевност, УГД, Штип
Доц. д-р Марија Гркова-Беадер, Филолошки факултет, УГД, Штип
Доц. д-р Христина Серафимовска, Факултет за туризам и бизнис логистика, УГД, Штип
Д-р Јасминка Ристовска Пиличкова, професор/научен советник, Институт за Фолклор "Марко Цепенкoв", Скопје
Д-р Лидија Стојановиќ Лафазановска, професор /научен советник, Институт за фолклор "Марко Цепенкoв", Скопје
Д-р Кристина Димовска, доцент/ научен соработник, Институт за Фолклор "Марко Цепенкoв"
Д-р Емилија Апостолова Чаловска, научен соработник, ЈНУ Институт за фолклор "Марко Цепенков", Скопје
Д-р Александра Кузман, доцент / научен соработник, Институт за фолклор "Марко Цепенкoв"
Проф. д-р Весна Јаневска, редовен професор, Медицински факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
Проф. д-р Ристо Малчески, редовен професор во пензија
Проф. д-р Самоил Малчески, вонреден професор, Меѓународен Славјански Универзитет
Проф. д-р Зоран Мисајлески, Градежен факултет
Проф. д-р Томе Димовски, вонреден професор, Универзитет Св. Климент Охридски, Битола
Проф. д-р Марина Спасовска, вонреден професор, Универзитет во Тетово
Проф. д-р Марина Даниловска, вонреден професор, Универзитет во Тетово
Проф. д-р Михајло Поповски, Филозофски факултет – Скопје, УКИМ
Проф. д-р Благица Сековска, Факултет за ветеринарна медицина- Скопје, УКИМ
Проф. д-р Виолета Мирчевска, Институт за Земјотресно Инженерство-ИЗИИС, УКИМ
Проф. д-р Јована Стефановска, Факултет за ветеринарна медицина - Скопје, УКИМ
Доц. д-р Викторија Трајков, Универзитет за туризам и менаџмент, Скопје
Доц. д-р Ана Чучкова, Факултет по психологија, Славјански Универзитет, Св. Николе