Ако имате силна мајка, тогаш и вие ќе пораснете во силна жена

Ако имате силна мајка, тогаш и вие ќе пораснете во силна жена

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Врската помеѓу мајката и ќерката е особено силна и важна.

Влијанието на независната и силна жена врз малото дете обично резултира со подигнување на токму таква ќерка, а многубројни истражувачи потврдуваат дека најголем услов за идниот успех на ќерката е да има силна мајчинска фигура во нејзиниот живот.

Тренерот и интернационален говорник Бони Маркус тврди дека во 2015 година таа испитала 600 професионални жени за нивните амбиции. Оние што се идентификувале како екстремно/многу амбициозни изјавиле дека токму нивната мајка имала најголемо влијание врз нивните амбиции.

Слично на тоа, истражување во кое учествувале околу 1.000 тинејџерки, спроведено од „Кедс енд грлс лидершип“, покажало дека 63 отсто од девојчињата изјавиле дека нивниот идол и пример бил нивната мајка. Уште повеќе, спротивно на стереотипите, тинејџерките повеќе ја претпочитаат поддршката од родителите, особено од мајките, отколку поддршката од нивните пријатели.

majka kerka

Начинот на кој мајките живеат, дејствуваат и зборуваат го поставува темелот за тоа како нивните ќерки ќе се гледаат себеси и ќе комуницираат со светот.

Силната мајка ја учи својата ќерка да не биде зависна од никого, туку да биде уверена дека може да го освои светот сама. Исто така, овие жени ги учат своите деца да застанат зад себе за да преживеат во суровиот свет надвор од нивниот удобен дом.

Силните жени ја знаат својата вредност и ја знаат моќта на вистинската љубов, така што овие девојки знаат дека треба да избегнуваат лоши врски и можат да утврдат кои луѓе треба да им бидат блиски во животот. Силната мајка се почитува себеси, не толерира некој да ја омаловажува и откажувањето никогаш не е нејзина опција. Токму поради тоа, нивните ќерки учат да работат напорно за да ги постигнат своите цели бидејќи патот до успехот никогаш не е линеарен. Покрај тоа, овие девојки знаат дека плачењето не е знак на слабост и дека мора да станат секојпат кога ќе паднат и да продолжат напред.

Силните жени им ја покажуваат моќта на простувањето на нивните ќерки, ги советуваат да бидат љубезни, но да толерираат до одреден степен. Им кажуваат дека сè е до рамнотежата во животот и како да се справат со свет што сака да нè ограничи и свет што сака да нè поврзе само со една улога.

Ако сте имале среќа да имате силна мајка, тогаш знаете дека таа ви покажала колку сте вредни и ви поставила високи стандарди.

Вие сте посебни, така што заслужувате нешто посебно. Никогаш не брзајте, дајте си време. Силните ќерки знаат дека нивните мајки ги поддржуваат и се решени да ги следат своите соништа.

Силната мајка е најдобра пријателка на нејзината ќерка, таа е најдобриот слушател и секогаш е подготвена да советува или помага. Овие жени се пример и идол на нивните ќерки, кои на крајот растат во силни жени.