Оглас за вработување во Меѓународното училиште НОВА. Се бара: Менаџер на училишен кампус

Оглас за вработување во Меѓународното училиште НОВА. Се бара: Менаџер на училишен кампус

Меѓународното училиште НОВА распишува конкурс за работна позиција Менаџер на училишен кампус. Се бара личност која ќе биде одговорна за целокупното функционирање, одржување и развивање на безбеден, чист и организиран училишен кампус. Менаџерот на училишниот кампус ќе биде одговорен за хигиената, одложувањето на отпадот, кафетеријата, обезбедувањето и магацинот на училиштето, вклучувајќи го и менаџирањето на буџетот за одржување. Оваа позиција вклучува учество во стратешко планирање и секојдневни активности, особено оние поврзани со училишните згради и простории.

Работни обврски:

• Надгледување и оценување на целокупната работа на вработените и надворешните соработници и отстранување на недостатоци од различен вид.
• Одржување на безбедноста и функционалноста на внатрешниот и надворешниот кампус, со цел сите простории да го поддржуваат наставниот процес.
• Следење на потрошувачката на вода, греење, електрична енергија и комуникации, како и давање насоки за штедење.
• Осигурување дека сите потребни процедури за итност се исполнети.
• Ефикасно постапување во случај на итност.
• Обезбедување услови за исполнување на барањата за безбедност и заштита при работа.
• Надгледување на работата и блиска соработка со координаторите на обезбедувањето, персоналот од кафетерија и екипата на хигиеничари.
• Истражување, креирање и советување за развој на нови проекти и подобрување на веќе постоечки објекти.
• Спремање, надгледување и менаџирање на годишниот буџет за одржување на училишниот кампус.
• Контрола на расходи поврзани со набавки за училиштето.

Потребно:

• Релевантно вишо или високо образование со неколку години работно искуство поврзано со одржување на објекти и имот.
• Пожелно е добро познавање на принципите на одржување на зграда, и областите на градежништво и обезбедување.
• Услужлив и подготвен да помогне.
• Добри компјутерски вештини и одлично познавање на говорен и пишан англиски.
• Соодветен пристап на работа во меѓународна средина.

Заинтересираните кандидати треба да испратат мотивациско писмо, резиме на англиски јазик и уверенија за завршено образование и други тренинзи до recruitment@nova.edu.mk. Крајниот рок за поднесување на документите е петок, 4ти октомври 2019 година. Селектираните кандидати ќе бидат известени и поканети на интервју.