Натпреварувачи од целиот свет ќе се борат за пат до вселената во реално шоу

Натпреварувачи од целиот свет ќе се борат за пат до вселената во реално шоу

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Американската компанија „Спејс хиро“, која тврди дека е првата медиумска компанија за вселената, вели дека обезбедила место на мисија до Меѓународната вселенска станица во 2023 година. Планот на компанијата е да направи реално шоу во кое натпреварувачи од целиот свет ќе се борат за билет на мисијата.

Натпреварувачите ќе треба да поминат низ повеќе предизвици со кои ќе се тестира нивната физичка, ментална и емоционална сила - квалитети што се неопходни да се биде астронаут. За добитникот ќе се гласа во некоја од последните епизоди, а ќе може да гласаат луѓе од целиот свет.

Среќниот добитник ќе патува до Меѓународната вселенска станица во ракета на „Спекс-Екс“. Реалното шоу ќе го следи добитникот на неговото патување во станицата. Победникот ќе помине 10 дена во станицата покрај вистинските астронаути. Ова е прв обид за снимање реално шоу за вселената.

Во доцните 90-ти години имало обид да се однесе еден среќен учесник до руската вселенска станица што работела од 1986 до 2001, но тоа не се случило.



Автор: Виктор Тангерман
Извор: futurism.com
Насловна фотографија: Instagram