Опуштете се со звуците на шумите од целиот свет

Опуштете се со звуците на шумите од целиот свет

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Бесплатната аудиоархива „Звуци на шумата“ е интерактивна звучна мапа што ги слави звуците на шумите низ светот.

Оваа библиотека со отворен извор на записи на природата ја води фестивалот „Тимбер“ - годишна прослава на шуми и дрвја со седиште во Велика Британија. Кога фестивалот морал да биде откажан поради пандемијата, организаторите одлучиле да ја искористат моќта на звукот за да ги обедини љубителите на природата.

„Звуците на шумата“ демонстрираат како екосистемите можат да испуштаат изненадувачки различни звуци. Снимките се идентификуваат според локацијата; сепак, некои вклучуваат и птици и инсекти. Во шумата Рота (на островот Рота, Северни Маријански Острови), снимка направена рано наутро од Андрија Кронер вклучува звуци од различни видови птици. Во Националниот парк Баф, во шумата Биом, Канада, е снимен црвеноопашестиот јастреб.

Меѓународната архива содржи записи на природата од сите континенти, освен Антарктикот. На мапата на веб-страницата има многу звуци од британските и западноевропските шуми. Другите шуми, како Амазонија, имаат малку или немаат наведени записи.

За понатамошно проширување на колекцијата се охрабруваат луѓето да снимат и да достават свои записи од шумите.

На оние на кои им недостига природниот свет или сакаат да се опуштат со звуците на природата, „Звуци на шумата“ е совршеното дигитално бегство.



Извор: Mymodernmet.com
Фото: Pixabay