Да поминете покрај ова место, не би знаеле дека сте во центарот на вселената
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Станува збор за мал бетонски круг во рамките на поголем круг од тули со пречник од околу 2,5 метри, кој крие мистериозен акустичен феномен.
„Споменик облак“ е монументална скулптура висока 22 метри, изработена од индијанскиот уметник Боб Хаозус и поставена во центарот на Талса, во американската сојузна држава Оклахома, за фестивалот „Мејфест“ во 1991 година.
Оваа челична скулптура е потсетник на деградацијата на современото општество и симболизира самоуништување на природата од страна на човекот.
Оваа скулптура има и една дополнителна функција - таа е впечатлива ознака и за локацијата на центарот на вселената, кој се наоѓа во негова непосредна близина.
Иако центарот на вселената звучи како грандиозен поим, во реалноста изгледа доста скромно. Станува збор за мал бетонски круг во рамките на поголем круг од тули со пречник од околу 2,5 метри, кој крие мистериозен акустичен феномен.
Ако застанете во центарот на кругот и произведете звук, тој ќе ви се врати во форма на ехо, но неколку пати погласно од оригиналниот звук. Она што е уште поинтересно е што засилениот звук може да го слушне само личноста што стои во кругот. Надвор од кругот, звукот (речиси) не може да се чуе.
Центарот на вселената, всушност, е акустична комора - место каде што звукот се рефлектира повеќепати и во различни насоки, создавајќи звучно поле во кое густината на звучната енергија е иста на секое место.
Акустичната комора во Талса е целосна случајност која со текот на времето станала туристичка атракција, особено откако била спомената во американската телевизиска серија „Кралот на Тулса“ со Силвестер Сталоне во главната улога.
Како изгледа кога стоите во „центарот на вселената“, можете да погледнете на видеото подолу.
Извор:
Punkufer.dnevnik.hr
Фото:
Instagram