Истражувања што докажуваат дека научниците се чудни луѓе

Истражувања што докажуваат дека научниците се чудни луѓе

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Научната љубопитност е прилично голем улов за секој човек што е поврзан со математиката и дефинитивно е одговорна за еден тон технолошки достигнувања. Но, исто така е одговорна за еден куп глупави податоци.

Ова се некои примери на чудни работи што научниците ги проучувале и, поважно, што откриле при нивното проучување.

nauka

- Научниците од Американската асоцијација за физика заклучиле дека може да загреете шолја кафе ако ѝ викате. Потребно е постојано да ѝ викате во период од 1 година, 7 месеци, 26 дена, 20 часа, 26 минути и 40 секунди за да произведете доволно енергија на звук.

- Истражувачите откриле дека бананите се малку радиоактивни. За да ја спречите штетната радиоактивна доза, никогаш не треба да изедете повеќе од 1 милијарда банани во едно јадење.

- Амос Долбер создал формула за пресметување на температурата на воздухот врз основа на зачестеноста на свирењето на штурците. Пресметајте го бројот на свирење на штурците во 15 секунди и додајте 40; резултатот е температура во Фаренхајтови степени.

- Според истражување од универзитетскиот колеџ „Пацифик“, жените што земаат контрацептивни апчиња трепкаат 32 отсто повеќе од жените што не земаат вакви апчиња.

- Благодарение на истражувањето на Пола М.С.Ромао и колегите, сега го знаеме она што милиони мајки веќе го знаат. Плунката е навистина ефективна во чистењето.

- Метју Роклоф од Централниот универзитет на Квинсленд откри дека држењето крокодил пред да одите во казино влијае врз влоговите што ќе ги направите. Оние обложувачи што уживаат во држењето крокодил даваат повисоки влогови од оние што биле нервозни додека држеле крокодил. Истражувачите им препорачуваат на обложувачите да избегнуваат да држат крокодили пред да одат да се коцкаат. Ние, пак, советуваме да избегнувате да држите крокодили без разлика на пригодата.

- Пресметано е дека силата на коњот е многу поголема од една коњска моќ.

- Истражувачите од Универзитетот во Минесота се обиделе да откријат дали ќе пливаме исто добро во сируп како што пливаме во вода. Откриле дека времето што го поминале пливачите во вода и во сируп се разликува за 4 отсто.

- Во 1995 година научниците ја измериле способноста на тренираните гулаби да прават разлика помеѓу сликите на Пикасо и Моне. Точноста варирала од гулаб до гулаб, но повеќето погодувале во 85 отсто од случаите.

- Истражувачите од Институтот во Џорџија откриле дека цицачите просечно поминуваат 12 секунди во извршување голема нужда.