Начини на кои „Гугл асистентот“ може да ви се најде во секојдневниот живот

Начини на кои „Гугл асистентот“ може да ви се најде во секојдневниот живот

Подготвил: Билјана Арсовска

Лектор: Ивана Кузманоска

„Гугл асистентот“ дефинитивно спаѓа меѓу најдобрите дигитални асистенти во светот и е способен да ви помогне во секојдневната рутина, како и кога ќе наидете на проблем. Сè што треба да знаете е еден од странските јазици што го поддржуваат и да научите низа едноставни фрази.

Активирајте потсетници поврзани со локација

Ако сте меѓу оние што постојано ги забораваат задачите што треба да ги извршат, дефинитивно треба да ги испробате потсетниците кои се активираат со локацијата. На пример, можете да се потсетите да направите нешто кога ќе се вратите дома со командата „Еј Гугл, потсети ме да го вклучам бојлерот кога ќе стигнам дома“. Кога ќе се вратите дома, асистентот ќе ве потсети што треба да направите.

Проверете која песна свири на радиото во кафулето

Една од најкорисните функции на овој асистент е способноста да ги препознава песните. Кога слушате музика, само кажете „ОК Гугл, идентификувај ја оваа песна“ и за неколку секунди на екранот ќе го добиете резултатот.

Фото: Tportal

Секое пребарување е снимено хронолошки, што значи дека откриената музика можете да си ја подредите во плеј-листа и да ја слушате подоцна.

Проверете го вашиот дневен распоред

Одлична работа кај дигиталниот асистент на „Гугл“ е способноста за комплетен дневен извештај. Ако користите „Гугл календар“, асистентот ќе ги наведе сите ваши задачи, ќе ве потсети какво е времето надвор и ќе ви помогне да си го организирате денот. Сè што треба да направите е да овозможите синхронизација помеѓу асистентот и календарот и да кажете „Еј Гугл, добро утро“ на вашиот телефон.

Пресметувајте мерни единици и валути

Асистентот е исклучително корисен за конверзија на валута. Треба да кажете е „Еј Гугл, конвертирај 56 долари во евра“ и тој ќе го стори тоа. Сепак, треба да знаете дека секогаш кога ќе споменете долари, асистентот автоматски ќе заклучи дека станува збор за американски долари. Сè што треба да направите во овој случај е да укажете на кои долари мислите.

Асистентот, покрај конверзија на валути, може да пресмета и мерни единици.

Дали сте за некоја добра вест на крајот од денот?

Ако ви е преку глава од лоши вести и сакате малку позитива, асистентот може да избира само инспиративни вести од целиот свет. Сè што треба да направите е да кажете „Еј, Гугл, кажи ми нешто добро“.