Познатите јапонски цреши расцветаа во октомври

Познатите јапонски цреши расцветаа во октомври

Подготвил: Билјана Арсовска

Лектор: Ивана Кузманоска

Некои од познатите цветови на јапонските цреши, познати како сакура, неочекувано расцветаа оваа есен. Розовите и белите цветови обично се видливи околу две недели напролет и тоа е феномен кој е популарен меѓу туристите што одат во Јапонија за да ги видат.

Но, повеќе од 300 лица изјавиле дека сега, во текот на октомври, виделе цветови на црешите во нивната околина.

Фото: BBC

Експертите велат дека серијата тајфуни можеби придонеле за појавата на цветовите.

Хиројуки Вада од јапонската Асоцијација за цвеќиња истакнува дека ваква појава била забележана и во минатото, но не во толкав степен. Тој објаснува дека листовите на црешите обично испуштаат хормон кој го запира растот на пупките. Но, оваа година дрвјата ги загубиле листовите поради силните тајфуни, што можеби е објаснување за појавата.

Вада додава и дека потоплите температури по бурите можеби ги збуниле растенијата.

Фото: BBC

Пупките кои расцветале сега нема да цветаат следната година. Сепак, според Вада, ова ќе има минимално влијание на сакура сезоната следната година.