Стивен Хокинг: Кратки и јасни одговори на најважните прашања за човештвото

Стивен Хокинг: Кратки и јасни одговори на најважните прашања за човештвото

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

„Кратки одговори на големи прашања“ е последната книга на Стивен Хокинг, објавена постхумно, а во неа се најдоа кратки и јасни одговори на некои од најголемите прашања на човештвото.

- Не постои Бог. Никој не управува со универзумот. Со векови се веруваше дека лицата со посебни потреби, како мене, живеат поради клетвата нанесена од Бог. Повеќе сакам да мислам дека сѐ може да се објасни на друг начин, според законите на природата - пишува тој, а во продолжение се одговорите на 10-те прашања што сигурно ќе ви помогнат да го сфатите светот околу себе и да гледате во иднината.

hoking

Дали постои Бог?


Не. Никој не управува со нашиот универзум.

Како започнало сѐ?


Со Биг бенг.

Што има во црната дупка?


Паѓањето во црната дупка дефинитивно е лоша вест. Ако тоа би била ѕвездена црна дупка, би станале шпагети пред да дојдете до хоризонтот.

Дали можеме да ја предвидиме иднината?


И не и да. Всушност, законите ни овозможуваат да ја предвидиме иднината, но во практика е премногу тешко.

Дали патувањето низ времето е возможно?


Според нашите сегашни сознанија, патувањето во минатото не може да се исклучи.

Дали ќе преживееме на Земјата?


Сегашниот светски поредок има иднина, но ќе биде доста различна.

Дали треба да ја колонизираме вселената?


Очекувам во наредните стотина години да можеме да патуваме каде било во Сончевиот Систем.

Дали ќе нѐ надмудри вештачката интелигенција?

Вештачката интелигенција ќе биде добра во постигнувањето на целите, но ако тие цели не се усогласени со нашите, ќе имаме проблем.

Како да ја обликуваме иднината?


Запомнете да гледате горе во ѕвездите, а не долу во вашите стапала.